Еве како се празни фрижидерот пред Велигденскиот пост

Во првата недела од велигденските пости, односно, од утре - Чист понеделник, до среда, се деновите наречени Тримери, кога верниците не конзумираат никаква храна ниту течност. Затоа вечерта пред Чист понеделник е добро да се испразни фрижидерот и да се наполни стомакот

0
282

Од утре, денот после Прочка, поточно од Чист Понеделник, започнуваат Велигденските пости. За време на овие пости, покрај вообичаеното конзумирање на храна од растително потекло, како изеленчук и овошје, постојат и одредени карактеристични продукти што се подготвуваат само во одредени денови за време на постите.  За цело време на постот, во саботите и неделите е дозволена употреба на масло (освен саботата пред Велигден). Риба се јаде само на Благовештение и Цветници.

Во текот на седумнеделниот период на Велигденскиот пост има повеќе празници. Во првата недела од великите пости, од понеделникот до средата се деновите наречени ТРИМЕРИ кога не се конзумира никаква храна ниту течност. Одредени продукти од храна се подготвуваат за денот по завршувањето на тримерите, што е третиот ден од почетокот на великиот пост.

Еве еден вкусен начин да го испразните фрижидерот и да го наполните стомакот, доколку планирате да постите следните три дена.

Зелена салата

Домати

Рендан пармезан

маслиново масло, сок од 1

млади тиквички многу малку потпржени на зејтин

Авокадо

Наздравје