Една шолја јогурт на ден го намалува ризикот од настинки

Бидејќи е сега сезона на настинки, вклучете го јогуртот во менито Пробиотиците што ги содржи го зајакнуваат имунитетот и ги спречуваат настинките. Една шолја јогурт на ден го намалува ризикот од настинка за 25 проценти.

0
303

Јогуртот е совршена храна затоа што е богата со калциум и добри бактерии кои ја прават исхраната балансирана, ги зајакнуваат коските, но исто така се добри и во борбата со депресијата.

Бактеријата Lactobacillus rhamnosus драстично ги намалува симптомите на стрес, анксиозност и нарушувања поврзани со депресија.

Покрај тоа, овој млечен производ влијае на имунитетот, здравјето на срцето и забите. Конзумирањето јогурт на редовна основа го намалува ризикот од висок крвен притисок, покажуваат резултатите од студијата на американскиот универзитет Тафтс во Бостон, која била спроведена на 2.000 луѓе.

Научниците утврдиле дека само една шолја јогурт на ден во текот на тридневен период го намалува ризикот од хипертензија за 31 отсто.

Исто така, се проценува дека доколку само два отсто од дневниот внес на калории потекнува од јогурт, ризикот од висок притисок би бил помал.

Јогуртот, како што е грчкиот, е богат со протеини и јаглени хидрати, поради што се препорачува после тренинг. Протеините овозможуваат побрзо закрепнување и влијаат на растот на мускулите.

Јогуртот е одличен избор за забите бидејќи ја зајакнува забната глеѓ и  ги намалува шансите за појава на кариес.

Фото: Pixabey