Едноставен и вкусен велигденски милиброд

Милибродот е една од оние работи кои традиционално се прават за Велигден. Станува збор за слатко тесто кое обично се послужува како велигденски појадок

0
429

Состојки:

1,5 кг брашно

200-250 мл млако млеко

Рендана кора од лимон

Малку сол

Ванилин шеќер

8 жолчки

400 г шеќер

300 г путер на собна температура

1,5 коцка свеж квасец

2-3 лажици рум

За глазурата:

Изматено јајце

Шеќер

Приготвување:

Помешајте го квасецот со малку шеќер и лажива млако млеко, покријте го и оставете го неколку минути на топло да стаса.

Помешајте ги брашното и путерот и направете трошки, па во смесата направете вдлабнатина во која ќе ги додадете шеќерот, жолчката, ванилиниот шеќер, солта, лимоновата кора и надојдениот квасец.

Замесете тесто, покријте го и оставете го да стасува на топло неколку часа, а најдобро би било преку ноќ.

Тестото поделете го на 4 дела и од нив направете топчиња. Покрите ги и  оставете ги на топло додека не пораснат двојно.

Секое топче двапати нежно засечете ги по средината, премачкајте ги со изматено јајце и поросете со шеќер.

Печете ги на 180 степени околу 35-40 минути.

Фотографијата е од ТУКА.