Едно од најевтините овошја со многу лековити својства

Јапонското јаболко е егзотично овошје кое потекнува од Кина и Јапонија, ама одлично вирее и кај нас. Изгледа дека е неправедно запоставено во исхраната, па ако еднаш ви ја 'собрало' устата, не значи дека не треба да му дадете втора шанса

0
1498

Многу дворови периодов ги красат овие прекрасни плодови кои неодоливо потсетуваат на новогодишни лампиони.

Како мала многу сакав да имаме вакво дрво во градината, па татко ми еден ден реши да засади. За жал, иако одлично вирее во наши услови, кај нас никогаш не роди плод. Но за да не ме разочара, еден ден татко ми решил да купи 2-3 килограми јапонски јаболка од пазар и едно по едно да ги закачи со конец на гранките од нашето, инаку голо дрвце.

Кога се вратив од училиште, не можев да им верувам на очите. Току се израдував што немав време ни да размислам како одненадеж се појавиле толку убави плодови.

После сите дома ме зафркаваа, ама споменот остана.

Можеби затоа, иако многу пати ми се случуваше да не можам да дочекам да созреат па ми ја собираа устата, секогаш им давав втора, трета, и уште многу многу шанси.

Дознајте подолу какви хранливи и лековити својства има јапонското каки јаболко.

Содржи мала количина калории, но многу јаглени хидрати. Поточно, во 100 грама од ова овошје има околу 70 калории, а воопшто масти. Богато е со лесно сварливи влакна кои одлично го активираат варењето. Во 100 грама плод има околу 3,6 грама различни растворливи и нерастворливи влакна. Од минералите содржи калиум, калциум, магнезиум и фосфор, изобилува со витамини Ц, Б, А и Е и со разни аминокиселини. Токму поради ваквото богатство од минерали и витамини, јапонското јаболко има лековити својства, па делува не само превентивно, туку се користи и во борбата против речиси сите видови болести.

Спречува појава на рак и на малигни заболувања. Ова овошје е одличен извор на силни антиоксиданси кои имаат антиканцерогено дејство и успешно се бори против слободните радикали кои се главни причинители за појавата на малигни заболувања. Доколку секој ден се конзумира по едно јапонско јаболко, ќе се подобри општото здравје, ќе се елиминираат штетните материи од телото и ќе се намали ризикот од појава на рак.

Свежиот плод и сок од ова овошје се исклучително лековити кај проблемите со варење, како што се опстипација, воспаление на цревата, хемороиди и разни болести на желудникот. Влакната кои се наоѓаат во јапонското јаболко помагаат дигестивниот тракт да ја свари храната ефикасно, полесно да ја спроведе низ цревата и да дојде до полесно празнење. Со тоа, благо го зголемува лачењето желудочна киселина и ги ублажува симптомите на тврда столица и дијареа.

Каки јаболкото се користи за болести на црниот дроб и на жолчката, како и за нервниот систем, бидејќи има смирувачко дејство. Го јакне имунитетот зашто изобилува со витамин Ц и на телото му обезбедува дури 80 проценти од дневните потреби, а со тоа го стимулира производството на белите крвни зрнца кои се најважни во борбата против разни микробиолошки, вирусни и габични инфекции.

Доколку сте слабокрвни, задолжително јадете јапонско јабоко, бидејќи го стимулира создавањето нови и ја подобрува концентрацијата на црвени крвни зрнца и го зголемува нивото на хемоглобин во крвта. Каки јаболките содржат калиум во значителни количини, па поради тоа ова овошје штити од кардиоваскуларни болести и од зголемен холестерол, односно, го регулира крвниот притисок и го зголемува протокот на крв низ целото тело.

Присуството на витамин А, на бета каротен, ликопен и лутеин во ова овошје го јакне имунитетот, но врши и детоксикација на организмот. Поради тоа јапонското јабоко го спречува забрзаното стареење на кожата, а има сознанија дури и дека го елиминира ризикот од добивање Алцхајмерова болест.

Докажано е дека комплексот од витамини Б со витамин А позитивно влијае на подобрување на видот, па се советува ова овошје да биде дел од секојдневната исхрана за да се спречат разни дегенеративни промени, катаракта и ноќно слепило.

Најдобро е да се јаде свежо, но најпрво мора да се причека добро да созрее.

Се препорачува да не се зема на празен стомак, туку после оброк, за да не дојде до појава на дијареа.

Јапонското јаболко се користи и во кулинарството. Од неговиот плод се прави ракија со карактеристична арома, а во некои земји, како на пример, во Италија, се подготвува како зимница такашто се става во маслиново масло.

Се користи и како состојка за разни колачи, креми и десерти. Свежите овошки може да бидат и додаток на овошни салати, или пудинзи, а доколку се сварат во вода со цимет и малку лимонов сок, од нив се прави и вкусен компот.

Фото: Pixabay