Житарки без глутен

Некои од симптомите на интолеранција на глутен се: мигрена, хроничен замор, болки во зглобовите, дигестивни проблеми. Доколку сте и вие меѓу оние кои не поднесуваат глутен, ви предлагаме некои намирници што не го содржат.

0
141

Храната што содржи глутен предизвикува многу проблеми кај луѓето кои се чувствителни или алергични на него.

Некои од симптомите на интолеранција се: мигрена, хроничен замор, болки во зглобовите, дигестивни проблеми.

Доколку сте и вие меѓу оние кои не поднесуваат глутен, ви предлагаме некои намирници што не го содржат.

Ќе можете слободно да ги консумирате доколку имате интолеранција на глутен и со нив ќе можете да подготвувате безглутенска храна.

За луѓето кои се интолерантни на глутен, единственото решение е безглутенската исхрана.

Еве кои житарки можете да ги консумирате ако сте интолерантни на глутен.

Просо

Просото е намирница која не е многу популарна. Наспроти тоа, таа е исклучително хранлива, лесно сварлива, прилично евтина и полна со витамини од групата Б и калиум.

Просото исто така може да ја регулира pH вредноста на вашето тело и ви овозможува да ја одржувате базната рамнотежа на организмот.

Пченка

Пченката, како и пченкарното брашно се богат извор на влакна, витамин Ц и витамин А.

Ако сте интолерантни, палентата е вистинскиот избор.

Белешка: Побарајте природно одгледувана пченка, а не ГМО пченка.

Овес

Овесните снегулки се совршен и едноставен појадок за многу луѓе.

Овесните снегулки се богати со влакна и протеини и по природа не содржат глутен (иако е можно во текот на обработка да се ‘глутенизираат’.

Побарајте производи на чија декларација пишува дека не содржат глутен.

Шеќерна трска

Шеќерната трска е малку позната житарка без глутен.

Не е толку популарна, па многу луѓе не се ни свесни дека може да се консумира како житарка.

Брашното од шеќерна трска е одлична намирница за подготовка на разни пекарски производи без глутен.

Фото: Pixabay