Засукајте ги ракавите и засадете здравје

Ако го прочитавте текстот за микро-зеленчуците, а не знаете со кој да почнете, еве неколку предлози од нас

0
435

Запознајте се со најпопуларните микро-зеленчуци:

Цвекло

На младите садници им треба малку повеќе време за да развијат јадлив микро зеленчук, но вреди да се садат. Тие содржат инхибитор кој ги успорува хемиските реакции, па р’тењето се подобрува со претходно натопување на семето во вода и одржување на влага после садењето.

Микро цвеклото е богато со витамини Ц, А и К и железо, магнезиум и калциум.

Поради интензивната боја, тоа е одличен избор за салати и за украсување на јадењата. Има благ, нежен вкус сличен на спанаќ.

Брокула

Можеби не ви звучи примамливо, но од здравствени причини вреди да го вклучите во вашата диета. Брокулата е супер храна која е богата со железо, минерали, витамини А и Ц. Содржи и сулфофран кој е добар за превенција од карцином.

Освен салата, можете да ја ставите во тестенини, но и во чорби и супи.

Брокулата е една од микро-зеленчуците што се најлесни за одгледување, ‘ртат на температура помеѓу 10 и 25 ° C и има густ и тежок принос. Најдобро е да ги користите нејзините млади лисја.

Ротквици

Ако штотуку влегувате во светот на микро-зеленчукот, најдобро е да започнете со микро-ротквици. Тие брзо ртат, им требаат помеѓу 8 и 10 дена, и во ладни и во топли услови.

Во оваа фаза, овие микро зеленчуци се крцкави и налутуваат. Можете да ги користите во салата или во јадења со риби и месо како привлечен и здрав гарнир. Постарите ротквици може да се додадат во супа.

Микро ротквиците имаат висок процент на витамини, минерали и антиоксиданти и се добри за превенција на рак, исто како и брокулата.

Ротквиците содржат и фолна киселина, витамин Б6, рибофлавин, бакар и манган.

Горчица

Горчицата се одгледува повеќе од 5000 години, поради семето и лисјата. Жолтата горчица има силен вкус што потсетува на рен. Едногодишната црна горчица се одгледува традиционално, најмногу поради семето што се користи како зачин, но може да се испече или да се користи во салата.

Студиите покажале дека горчицата ги намалува стапките на рак на мочниот меур, цревата и белите дробови.

Рукола

Се одгледува во медитеранскиот регион и е популарна како зачин уште од римско време. Таа е еден од најпопуларните видови микро зеленчук, па готвачите прво почнаа да ја користат токму неа во подготовката на оброкот.

Дава остар, пикантен шмек кој го оживува благиот вкус на другиот зеленчук. Добро оди со домати, кромид, маслинки, лимон и најразлични сирења. Користете го како украс за пица, тестенини, омлети, морска храна и други јадења со месо.

Одлична е за есенска и зимска сеидба, ‘рти дури и на 5 ° C и расте побрзо во контакт со ладна вода. Деликатна е, лесно се оштетува, затоа треба внимателно да се одгледува.

Грашок

Изданоците на грашокот се слатки, крцкави, освежувачки, вкусни, исто како и младиот грашок. Дури и птиците ги сакаат. Тие даваат егзотичен вкус на салатата, варен оброк и месо. Содржат протеини, јаглени хидрати, витамин Ц, Б1, железо, цинк и магнезиум.

Р’тењето се забрзува веќе по 24 часа. Користете стаклено ѕвоно за да ги заштитите овие микро зеленчуци, ако го одгледувате во стан.

Босилек

Микро босилекот е многу атрактивен и има суптилен вкус и арома, но не е многу интересен микро-зеленчук за мешани салати. Добро оди со домати, лук и кромид.

Од овој микро-зачин ќе добиете богатство на витамини А, К и Ц, калциум, фолат, железо, но и омега-3 масни киселини.

Брзо р’ти, но бара повисока температура од другите микро-зеленчуци.

Кељ

Кељот има благ, сладок вкус, сличен зелката, и е добар избор за салати и други прилози со разни видови на месо.

Богат со витамини Ц, А и К, калциум, манган и фолна киселина – микро-кељот е одлична превенција за карцином.

Келераба

Келераба се издвојува од другите микро-зеленчуци по својот интересен изглед – има пурпурни стебленца со зелени лисја и ѝ дава на чинијата автентичен изглед. Покрај тоа, се додава во јадењата поради нежниот вкус и текстура.

Калциумот, фосфорот, калиумот, цинкот, железото, магнезиумот, каротинот, хлорофилот и аминокиселините во овие микро зеленчуци ќе ви дадат сила и ќе го зајакнат вашиот организам.

Црвена зелка

И овој микро-зеленчук има многу интересен изглед. Сладок вкус и интересни бои, оди одлично со скара и печен зеленчук.

Студиите покажаа дека микро-црвената зелка може да го намали холестеролот, како и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, и препорачливо е да го јадете на диета.

Микро црвената зелка се истакнува по тоа што има најголема концентрација на витамин Ц и е богата со витамини Е и К.

Фото: Pixabey