Зачини за поздрав оброк

Со помош на овие зачини од секој оброк може да се направи нутритивна бомба која ќе ги негува вашето здравје и изглед

0
271

Секој оброк е повкусен кога ќе се додаде некое зачинче, но има и такви кои освен вкусот ја подобруваат и нутритивната вредност на оброците. Некои од нив од секој ручек можатданаправат вистинска бомба за здравје

Секако, зборуваме за вистински зачини и билки кои го збогатуваат оброкот, истовремено правејќи го уште повкусен.

Босилек. Содржи разновидни фитохемикалии кои докажано го балансираат шеќерот во крвта, го јакнат имунитетот, лекуваат анксозност, го јакнат помнењето, но и здравјето на кожата.

Одлично оди со тестенини и салати.

Копар. Ова е можеби инајмалку ценетиот зачин, а има безброј здравствени предности. Има докажани антивоспалителни својства, а традиционално се користел за лекување на тегобите со варењето. Содржи етерични масла кои им помагаат на оние коиимаат проблем со констипација. Исклучително е корисен за несоница затоа што е богат со флавоноиди и витамин Б.

Мента. Ова е билка која е најпозната по влијанието на варењето и цревата. Имено, ги смирува тегобите со варењето ија намалува надуеноста. Содржи антиоксиданси кои помагаат за олеснување на симптомите на алергиите, а помагаат и во ублажувањето на кожните реакции. Можете да ја користите и за чај, но идеално се вклопува во сосовиод лук, оцет и маслиново масло.

Оригано. Во здравствените предности наоваа зачинска билка веруваат сите здравствени експерти. Познато е по антибактерските својства. Содржи тимол и карвакрол, соединенија кои го бранат телото од широката лепеза бактерии кои влијаат на кожата, цревата и други делови од телото. Го поттикнува развојот на крвни бели клетки и така помага за брзо опоравување од болестите.

Фото: Pixabey