Зачини кои го победуваат ракот

Зачините и чаевите можат да имаат значајна улога во борбата со ракот, па не е лошо ако некои од нив и превентивно ги вклучите во својата исхрана

0
341

Некои од овие зачини и чаеви можеби секако се дел од вашата исхрана, но ако уште еднаш се потсетите колку придобивки имаат за вашето здравје, сигурно ќе ги вклучите почесто за да ја зачините храната или ќе ги консумирате во облик на чаеви.

Ѓумбир

Ѓумбирот долго време се користи во народната медицина за лекување на разни болести, од настинки до запек. Може да се користи свеж или во прав. Иако аромите на свеж и сушен ѓумбир значително се разликуваат, нивните лековити својства се прилично слични. Можете да замените осмина лажичка мелен ѓумбир со една лажица свежо рендан ѓумбир.

Консумирањето ѓумбир може да замени каков било лек против мачнини, а исто така може да ја олесни чувствителноста на желудникот во текот на лекувањето на разни видови рак.

Рузмарин

Ова медитеранско растение е одличен извор на антиоксиданти. Поради своето потекло, рузмаринот најчесто се користи во медитеранската кујна и ќе забележите дека е составен дел од речиси сите медитерански јадења. Можете да го користите за збогатување на вкусовите на супите, сосовите од домати, на лебот, јадењата од сите видови месо.

Рузмаринот ќе помогне при детоксикација на телото, пречките во варењето, губењето на апетитот и надуеноста. Обидете се да пиете до 3 чаши чај од рузмарин дневно за да ги ублажите овие секојдневни тегоби.

Куркума

Има уникатен и препознатлив вкус и мирис. Куркуминот е активно соединение на куркумата за кое се покажа дека има одлични антиоксидациски и антиинфламаторни својства, кои штитат од развој на канцерогените клетки.

Екстрактот од куркума во моментов внимателно се истражува и се покажа дека игра важна улога во превенцијата и лекувањето на некои видови рак, вклучувајќи карцином на дебело црево, простата, дојка и на кожа.

Лук

Тој е одличен извор на аргинија, олигосахариди, флавоноиди и селен. Активното соединение на лукот, алицинот, му дава карактеристичен мирис и се ослободува кога лукот се дроби или се сечка. Неколку студии покажале дека лукот го намалува ризикот од рак на дебелото црево, тироидната жлезда и дојката.

Лукот ја поттикнува детоксикацијата и го зајакнува имунитетот. Неговите антибактериски својства помагаат да се спречат бактериски инфекции.

Нане

Се користи илјадници години за ублажување на пречките во варењето, како што се гасови, запек, грчеви во стомакот и дијареја. Исто така, може да помогне во ублажување на симптомите на труење со храна. Нането го подобрува текот на жолчта, со што ѝ овозможува на храната побрзо да помине низ желудникот. Ако лекувањето на рак предизвикува мачнини, обидете се да пиете чај од нане. Можете да го направите со варење свежи ливчиња додека не го добиете посакуваниот интензитет на чајот.

Нането исто така го ублажува воспалението на грлото. Често се користи за ублажување на болките во грлото, кои се чест несакан ефект на хемотерапијата.

Камилица

Камилицата се користи многу години за ублажување на различни тегоби. Се покажа дека е особено ефикасна за луѓето кои имаат проблеми со спиењето. Плакнењето на усната шуплина со чај од камилица може да помогне во превенција на болките во грлото предизвикани од хемотерапија.

Камилицата исто така ќе ги ублажи дигестивните проблеми, особено грчевите во стомакот. Та ќе помогне во контрола на мускулните контракции и нивното опуштање.

Фото: Pexels/Pixabay