Зачин што ги „убива“ сите лоши бактерии во храната

Во народната кинеска медицина, овој зачин се користи со векови како уништувач на лошите бактерии, па затоа е особено популарен меѓу посиромашната популација, која понекогаш не може да го избира потеклото и свежината на храната.

0
705

Сечуанскиот пипер се нарекува и кинески коријандер и е составен дел од азиската кујна. Има лимонска нота која одлично се комбинира со солени и слатки јадења …
Тој е важен зачин на кинеската и индиската кујна што се користи за зачинување на солени и слатки јадења. Освен мала горчина, нема многу врска со класичниот пипер.

Се добива од два вида растенија од родот Zanthoxylum, заради што има лесна цитрусна нота која добро се комбинира со печурки и мешунки, но и за егзотични десерти.
Во народната кинеска медицина, овој зачин се користи со векови како уништувач на лошите бактерии, па затоа е особено популарен меѓу посиромашната популација, која понекогаш не може да го избира потеклото и свежината на храната.

Покрај тоа, лутите зачини се познати и како „средства за чистење на цревата“, кои ве чистат од несакани паразити. Најновите истражувања покажаа дека овој зачин е одлична алатка за слабеење и контрола на целулитот.

Како да го користите?

Сечуанскиот пипер во зрно е најдобро да се потпече малку во тава, а потоа се меле во прав. Само лушпите се користат за зачинување на храната, а сјајните црни зрна се фрлаат затоа што имаат горчлив вкус и текстура слична на песок што може да го уништи вкусот на храната.