За да спиете подобро, јадете мелатонин

Наместо да барате суплементи во аптека, снабдете се со мелатонин такашто ќе јадете ореви, банани, тиквички, кељ...

0
679

Понекогаш ни треба долго време да заспиеме, а причините можат да бидат различни, од стрес, анксиозност, до депресија.

Меѓутоа, консумирањето храна богата со мелатонин може да помогне во такви ситуации.

„Мелатонин е супстанција што не прави поспани. Неговото лачење се намалува со текот на годините и по 45 -тата година од животот почнува значително да опаѓа.

Според д -р Кристофер Винтер, „светлината, без разлика дали е од сонце или компјутер, го потиснува мелатонинот, но и употребата на алкохол и кафе“.

„Земањето мелатонин во форма на додатоци можеби не е најсигурното решение, особено на долг рок. Наместо тоа, земете храна богата со мелатонин“, сугерира д-р Винтер.

Ореви

Покрај тоа што содржат високо ниво на триптофан, аминокиселина која помага да се произведе мелатонин, оревите имаат и висока концентрација на готов облик на мелатонин.

Овес

Иако повеќето од нас користат овес во форма на овесна каша за појадок, таа е идеална и за вечера. Овесот е одличен природен извор на мелатонин и има способност да го регулира нашиот внатрешен биолошки часовник. Оваа храна е исто така природен извор на триптамин, особено кога се комбинира со млеко.

Покрај тоа, овесот е богат со калциум, магнезиум и минерали за кои е откриено дека позитивно влијаат на квалитетот на спиењето.

Вишни

Се покажа дека вишлоните предизвикуваат зголемено лачење на мелатонин што го олеснува сонот. Една студија објавена во списанието Journal of Medicinal Food покажала дека оние кои пиеле чаша сок од вишни двапати дневно во текот на две недели, го продолжиле времето за спиење за 84 минути, во споредба со оние кои не го пиеле сокот.

Банани

Бананите, покрај минералите магнезиум и калиум, чија улога е да ги релаксираат мускулите и да го обезбедат нивното правилно функционирање, го содржат и веќе споменатиот триптамин, што ги прави уште повеќе добра храна во борбата против несоницата.

Освен во овие намирници, мелатонин е достапен и во пченката, доматите, оризот, морковите, ротквиците, смоквите и во магдоносот.

Фото: Pexels