За опуштање и подобар сон: Рецепт за фин напиток од мак и ванила

Топлото млеко од мак има смирувачко дејство и се препорачува за опуштање и подобар сон, подобро расположение и зајакнување на отпорноста на стрес ...

0
103

Иако го сакаме макот во печива и во колачи, честопати забораваме колку е афионовото семе здраво – но и сестрано. Млекото од мак во Литванија е специјалитет и обично се послужува за празници, а покрај здравото семе, на листата од состојки се и омилените зачини како ванила, цимет, морско оревче или куркума. Покрај тоа, и ова растително млеко е добра замена за кравјото.

Семето од афион е особено богато со незаситени масни киселини, пред се, олеинска и линолна, како и со манган, микроелемент важен за здравјето на коските. Манганот помага во градењето на сврзното ткиво и го спречува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и остеопороза.

Афионот е исто така богат со бакар, кој не штити од анемија и, како и манганот, од артритис. Ако го вклучиме во нашата исхрана, можеме да ја ублажиме нервозата и раздразливоста, да го подобриме расположението и да станеме поотпорни на стрес. Топлото млеко од мак има смирувачко дејство и се препорачува за опуштање и подобар сон.

Состојки за напитокот од мак:

140 г семе од афион
2 лажици овесни снегулки
720 мл вода
1 лажица мед
1 лажичка ванила во прав или екстракт од ванила

Приготвување:

1. Потопете ги макот и овесните снегулки во вода три часа или преку ноќ.
Додадете ванила и мешајте 5-10 минути и процедете преку газа.

2. Загрејте и послужете со мед.

Фото: Unsplash