За полесно дишење и подобар имунитет

Знаеме дека чајот од куркума, лимон и мед е добар за ублажување на алергиите и за подобрување на работата на системот за дишење, па и тој е една од нашите препораки во овој период

0
232

Куркуминот докажано го зајакнува имунитетот благодарение на своите антиинфламаторни и антибактериски својства. Помага во превенција на рак, додека истражувањата исто така покажаа дека го ограничува ширењето на клетките на ракот. Куркуминот делува антиинфламаторно и на тој начин ги ублажува симптомите на ревматоиден артритис. Неколку студии покажаа дека оваа состојка ги намалува болките кај синдромот на иритација на дебелото црево.

Традиционално, куркумата се користи за спречување на кардиоваскуларни и невродегенеративни заболувања, како и за ублажување на дигестивните нарушувања, а чaјот од куркума претставува еден од најдобрите начини да го вклучиме овој зачин во исхраната, бидејќи високата температура ја зголемува биорасположивоста на антикоксидантите на куркуминот.

Состојки:

2 лажички куркума

2 лажички мед

1 шолја врела вода

Сок од ½ лимон

Приготвување:

Помешајте ги сите состојки и испијте го чајот веднаш.