За понизок крвен притисок, подобар вид и варење

Праските заслужуваат почесно место на вашата маса!

0
395

Само една праска содржи 15 проценти од потребната дневна количина на витамин Ц, а тој нутриент ќе помогне во зараснување на раните и зајакнување на имунолошкиот систем. Исто така, тој е многу важна алатка во борбата против штетата што ја оставаат слободните радикали – поврзани со развојот на најмалигните болести.

Што друго може да направат праските за вашето здравје?

Го штитат видот

Антиоксидансот кој се нарекува бета-каротен им дава на праските убава боја, а кога ги јадете, организмот го претвора во витамин А кој е исклучително важен за здравјето на очите и добриот вид. Покрај тоа го зајакнува и имунолошкиот систем.

Ви даваат причина за широка насмевка

Можеби се слатки, но тие содржат и минерален флуорид кој може да се најде во пастите за заби. Помага во чистење на усната шуплина од бактерии што може да предизвикаат расипување на забите.

Ја чуваат добрата линија

Праската содржи околу 60 калории, без лоши масти, холестерол или сол. Повеќе од 85 проценти од праските се вода. Покрај тоа, таа содржи влакна и со тоа го запира постојаното чувство на глад. Исто така, содржи витамин Е. Овој антиоксиданс е важен за здрав имунолошки систем и дејствува такашто ги шири крвните жили и притоа го спречува згрутчувањето на крвта.

Ја прават кожата убава

Вашата кожа ќе биде среќна ако јадете праски – витаминот а ѝ овозможува на  кожата да ја задржи влагата, што ќе одржува мазна текстура на кожата.

Го снижуваат крвниот притисок

Праските се богати со калиум, кој го контролира крвниот притисок, ги намалува шансите за камења во бубрезите и ги зајакнува коските. Другите минерали кои се наоѓаат во праските, како магнезиум, цинк и калциум, помагаат во правилното функционирање на имунолошкиот и нервниот систем.

Добро делуваат на варењето на храната

Една голема праска ќе ви овозможи да внесете три грама влакна, а веројатно веќе знаете дека влакната се важни за правилно функционирање на варењето на храната. Исто така, влакната имаат позитивен ефект врз здравјето на кардиоваскуларниот систем со тоа што го одржуваат под контрола холестеролот.

Фото: Pixabey