За појадок: здрав чоколаден пудинг

Овој чоколаден пудинг нема ниту шеќер ниту брашно, а ќе ве држи сити половина ден. Не се готви и идеален е за брз појадок или вечера, а најдобро од сè е што е здрав избор

0
289

Без разлика дали избегнувате шеќер и брашно затоа што сакате да изгубите тежина или ви треба дополнителна доза протеини, овој пудинг е идеално задоволство. Благодарение на високиот гликемиски индекс, ќе бидат потребни часови за да огладнете повторно.

Состојки за пудингот:

1/2 авокадо
1 лажица лешници
1 лажица чиа семе
1/2 лажиче сусам
1 лажичка семе од тиква
1/2 лажичка цимет
1/2 лажица кокосов путер
3 лажички какао
зрела банана
2 лажички мед
темно чоколадо за украсување

Приготвување:

1. Потопете го чиа семето во половина чаша топла вода.

2. Преполовете го авокадото, извадете ја семката и излупете го.

3. Измешајте ги лешниците, сусамот, семките од тиква во блендер.

4. Додадете банана, авокадо, омекнат путер, чиа семето со водата и цимет и мешајте се заедно во блендер најмалку една минута за да го направите пудингот што е можно покремаст.

5. Додадете вода додека не ја добиете посакуваната густина. Украсете со рендано чоколадо.

Фото: Unsplash