За љубителите на рогач

Кога правите колач со рогач, ставете помалку шеќер затоа што рогачот му дава на колачот и посебна арома и дополнителна блажина. А оваа комбинација со џем од кајсии и стопено чоколадо е онаа вистинската за тие што сакаат благо ама не сакаат шербет благо

0
236

Состојки:

4 јајца

100 г кафеав шеќер

1 ванилин шеќер

200 мл млеко

100 г растопен путер

100 г рогач

200 г гриз

200 г брашно

1 прашок за пециво

За премачкување:

Џем од кајсии (или некој друг по ваш избор)

Врз џемот можете да додадете сечкани бадеми

За прелив:

100 г Црно чоколадо

50 мл млеко

20 г путер

Приготвување:

Изматете ги посебно жолчките со шеќерот, па додавајте ги другите состојки.

Белките изматете ги во цврст снег и полека со лажица помешајте ги во смесата.

Префрлете ја во тепсија врз хартија за печење и печете во претходно загреана рерна на 180-200 степени, во зависност од рерната. Се пече 25-30 минути.

Кога ќе се излади, премачкајте го колачот со џем од кајсии (или некој друг по ваш избор). По желба врз џемот расфрлете една рака сечкани бадеми или други јатки.

Најдозгора прелијте го со растопено црно чоколадо (чоколадото се топи во лонче во кое се додаваат малку путер и млеко).