Здрава ужина: леб од овесни снегулки и мак

Овој леб е едноставен за правење, а погоден е и за оние кои се алергични на глутен

0
294

Состојки:

2 ипол чаши овесни снегулки

4 јајца

1 чаша павлака

3/4 чаша мед

1/4 чаша сок од лимон

1 лажичка рендана кора од лимон (по желба)

1/4 чаша мак

2 лажички прашок за пециво

прстофат сол

Приготвување:

Смелете ги овесните снегулки во блендер.

Во голем сад изматете ги јајцата, па додадете ја павлаката и мешајте додека не се соединат. Додадете мед, кора од лимон и сок лимон и повторно промешајте.

Во смесата додадете ги смелените овесни снегулки, семето од афион, прашокот за пециво и солта.

Мешајте додека смесата не се соедини, истурете ја во калап и печете во рерна загреана на 180 степени 30 до 35 минути.

Рецептот е преземен од ТУКА.