Здрави кекси со путер од кикирики

Брзи, едноставни, здрави и вкусни колачиња со путер од кикирики е рецептот што треба да го испробате уште денес. Потребни ви се само четири состојки.

0
275

Состојки:

1 шолја путер од кикирики

шолја мед

1 лажица прашок за пециво

1 јајце

Приготвување:

Изматете ги кикирики путерот и медот, а потоа додадете ги јајцето и прашокот за пециво и мешајте додека не добиете компактна смеса.

Поделете ја смесата во мали порции и наредете ги на тепсија за печење која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.

Печете ги 10 минути во рерна загреана на 175C.

Оставете да се оладат и можете да ги дегустирате.

Рецептот го најдовме на Myfridgefood.