Здрави мафини со спелтино брашно и овесни снегулки

Ако ви здодеаја овесните снегулки за појадок, направете со нив нешто поинакво, се уште здраво, ама и слатко

0
212

Состојки:

1 поголемо јаболко

2 јајца

100 г ситни овесни снегулки

100 г спелтино брашно

70 г сечкани ореви

2 лажички прашок за печиво

½ лажичка цимет

2 лажици мед

3 лажици растопено масло од кокос

200 мл кефир

прстофат сол

За поросување: 4 лажици покрупни овесни снегулки + 3 лажици сечкани ореви + малку цимет

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180 ° С.
  2. Во сад измешајте ги кефирот, растопеното кокосово масло, медот и јајцата додека сè не биде добро измешано. Додадете ги и измешајте ги сувите состојки (овесни снегулки, спелтино брашно, сечкани ореви, прашок за печиво, цимет и сол).
  3. Излупете го јаболкото и изрендајте го па додадете го во смесата. Наполнете ги калапите за мафини и поросете го секој мафин со мешавина од овесни снегулки, ореви и цимет.
  4. Печете на 180 ° C околу 20 минути.

Фото: Pixabey