Здрави печива со грахам и со ленено брашно

Ако сакате да јадете печива, гледајте барем секогаш да бидат различни и здрави, па додавајте во нив најразлични здрави состојки, од различни видови на брашно, до семки и зачини

0
143

Состојки:

1/2 кесичка сув квасец

1 лажичка шеќер или мед

200 мл млака вода

1 павлака

4 лажици маслиново масло

500 г грахам брашно

100 г ленено брашно (убаво смелено ленено семе)

ситни овесни снегулки (додадовме отприлика околу 20-30 грама, затоа што тестото беше малку лепливо, па проценете сами дали и што да додадете, уште брашно или овесни снегулки)

50 г сончогледово семе (нека бидат цели за да крцкаат под забите)

1 лажичка сол

Приготвување:

Замесете тесто од состојките и оставете го да стои покриено во сад 45 минути.

Потоа премесете го и формирајте мали топчиња кои ќе ги наредите во тепсија врз харија за печење. Малку сплескајте ги и засечете ги по површината. Потоа можете да ги премачкате со жолчка или само со маслиново масло. Се наросуваат со уште семки, ние ставивме сусам, бел и црн, ама се одлепи затоа што малку ги препековме.

Затоа, внимавајте, печете ги на 200 степени најмногу пола час, во зависност од тоа како ви пече рерната, може да се доволни и само 20 минути, особено ако ги печете на малку појака температура.