Здрави ѓумбировки од хељда и овес

За оние кои постат, но и за оние кои сакаат колачи, ама сакаат и здраво да се хранат

0
220

Состојки:

250 г брашно од хељда (хељдата најчесто ја мелат во продавниците за здрава храна, а можете и сами, во блендер)

150 г брашно од овесни снегулки

1/2 лажичка ленено семе

1 лажичка сусам

1 лажичка мелен ѓумбир

1 лажичка мелен цимет

1 лажица мелен рогач

100 мл маслиново масло

2-3 лажици мед (зависно од тоа колку благи сакате да бидат)

50-100 мл вода (или додавајте по потреба за да можете да замесите тесто)

За украсување: Црно чоколадо (најмалку 70% какао, суво грозје, кокос, бадеми)

Приготвување:

Се замесува тесто од состојките, се расукува и се вадат форми со калапчиња или како ние, со чаша. Се редат во тепсија, врз хартија за печење и се печат на 180 степени 15 минути.

Кога ќе се подизладат, прелијте ги со стопеното чоколадо и украсете по ваша желба.