Здрави ќофтиња од киноа и моркови

Киноата е уште една одлична супернамирница, но многумина сѐ уште не знаат како да ја искористат во својата исхрана. Еве една одлична идеја

0
256

Киноата спаѓа во протеинска храна и е добар извор на железо, магнезиум, калциум и растителни влакна. Притоа, не содржи глутен!

Многумина сѐ уште не знаат како да ја искористат во својата исхрана, а тоа може да се направи на стотици начини.

Киноата може да биде интересна и хранлива замена за ориз, кускус и леќа.

Може да го замени компирот во крокетите, кнедлите и останатите видови на компир-теста или во смесите за похување. Може да се додава во супи, чорби, варива, гулаш, па и во салати.

Мелената киноа е идеална замена за брашно во приготвувањето на слатки без глутен. Најчесто киноата се вари како ориз.

Важно е добро да се измие, затоа што неизмиеното зрно е обложено со горчлив прав – сапонин.

Со киноа можете да направите и вкусни вегетаријански и безглутенски ќофтиња.

Состојки:

200 г киноа

1 помала главица кромид

2 големи моркови

1 јајце

1 чешне лук

суви ливчиња од целер

1 лажица презли

50 г рендан пармезан

1 лажица маслиново масло

Приготвување:

Измиената киноа ставете ја да се вари на слаб оган во вода (1:3), додека водата не испари, односно, околу 15 минути.

Исечкајте ги лукот и кромидот, изрендајте ги морковите и измешајте ги сите состојки заедно со киноата, јајцето и зачинете по вкус. Измешајте убаво и обликувајте ги ќофтињата па ставете ги во тава обложена со хартија за печење.

Печете ги околу 20 минути на температура од 200 степени, додека не се заруменат. Ако имате, одлично одат со хумус или пак со свежа салата.