Здрав банана леб

Овој рецепт за колач со банани нема ниту брашно, ниту шеќер, ниту пак млеко...Можете да го јадете без грижа на совест

0
71

Состојки:

3 зрели банани

4 мали или 3 поголеми јајца

250 г мелени овесни снегулки

50 г кокосово брашно

100 мл кокосово масло

1 лажичка прашок за печиво

1 лажичка мед

4 урми

цимет, ѓумбир

1 ванилин шеќер

Приготвување:

Згмечете ги бананите.

Изматете ги јајцата па додадете мала лажичка мед и исечкани свежи урми, доколку сакате да биде поблаго. Ќе биде благо и без нив, бидејќи зрелите банани се доволно слатки. Додадете го кокосовото масло, а потоа соединете ги сувите состојки (овесните снегулки, кокосовото брашно, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, зачините), измешајте се заедно и истурете ја смесата во калап во кој има хартија за печење.

Печете го во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 минути.