Здрав и посен ролат што не се пече

Оваа кокос и какао ролна е направена од неколку здрави состојки и, секако, се прави многу едноставно и брзо, без вклучување на шпоретот

0
592

Состојки:

200 г урми
140 г бадеми
1 лажица какао во прав

Фил:
100 г кокосово брашно
70 г индиски ореви
10 урми
екстракт од ванила
70 мл вода

Приготвување:

Потопете 200 г урми и бадеми во вода околу 40 минути. Потоа процедете ги и смелете ги во блендер. Додадете какао во прав, промешајте и оставете ја смесата за кората да отстои околу 30 минути во фрижидер.

Подгответе го филот со натопување на индиските ореви во вода, исцедете ги и смелете ги и нив во блендер. Додадете кокосово брашно, 10 урми и екстракт од ванила, а потоа изматете сè во блендерот. Постепено додавајте вода во смесата и мешајте додека не добиете кремава смеса.

Смесата за кората ставете ја помеѓу два листа хартија за печење и расукајте ја во квадрат од околу 30 см. Отстранете го горниот слој хартија и премачкајте ја кората со филот. Завиткајте ја кората во ролат заедно со хартијата и оставете да отстои околу еден час во фрижидер. Добиениот ролат поросете го со кокосово брашно или со сечкани потпечени лешници.

Фото: Јутјуб/принтскрин