Зеленчукови мафини со брашно од хељда

Да, баш зеленчукови, зашто во нив има од сé по нешто. Најмалку има брашно, и тоа - брашно од хељда

0
306

Пола од мафините се со спанаќ, црвена пиперка и кисели краставички, а во другите има брокула, црвена пиперка и кисели краставички. Останатото е исто за сите:

4 јајца, 150 г брашно од хељда, 1 лажичка сода бикарбона, 100 мл јогурт, 2 лажици маслиново масло или растопен путер + за премачкување на калапите за мафини, младо сирење и пармезан по желба.

Приготвување:

Премачкајте ги мафините со маслиново масло или со путер и ставајте исечкан зеленчук по желба. Останатите состојки измешајте ги и по потреба додадете уште малку брашно ако е течно или уште малку јогурт ако е густо. Вмешајте го во смесата младото сирење и тенки парченца пармезан.

Истурете од смесата врз зеленчукот и внимателно размешајте директно во калапите.

Печете на 180 степени околу 20 минути.