Зеленчукот што ќе ве ослободи од хелико бактеријата, ќе ве штити и од рак

Според најновите податоци, постои зголемена поврзаност на бактеријата Хеликобактер пилори и ракот или (МАЛТ) лимфом на желудникот. Ова дава нова, многу посериозна димензија на оваа бактериска инфекција, особено затоа што сѐ уште не е утврдено зошто овие малигни болести се развиваат само кај одредени пациенти.

0
1301

Се проценува дека половина од човештвото е заразено со Helicobacter plyori, но симптомите на болеста, инфекција која ја напаѓа слузницата на желудникот, не се развиваат кај секого. Така незабележливо може да престојува во нашето тело дури и цел живот.

Освен во слузницата на желудникот, може да се појави и во забните наслаги, во раничките во усната шуплина, во плунката и во столицата. Како и сите други бактерии, многу лесно се пренесува преку нечисти раце, заради што популарно се нарекува болест на валканите раце.

Причина за инфекција

Недоволно чиста храна, неисправна вода, како и валкани раце се најчестите начини за пренесување на оваа инфекција. Исто така, инфекцијата со Helicobacter pylori може да се пренесе и со методот „уста на уста“, од заразени на здрави луѓе.

Најчестите симптоми се болки во стомакот, киселини, надуеност, бавно и отежнато варење, мачнини, повраќање и лош здив.

Некои пациенти со хроничен гастритис немаат никакви проблеми, но тие, од друга страна, може да се засилат ако, на пример, се појави чир на желудникот поврзан со инфекцијата. Покрај силната болка, која е најдоминантен знак, постои губење на апетит, а со тоа и на телесна тежина, а има и крв во столицата, што се јавува во околу 25 проценти од случаите.

Постојат и други симптоми кои укажуваат дека Хеликобактер пилори се населил во нашето тело. Тоа се: депресија, недостаток на енергија и сила, вознемиреност, хроничен замор, несоница, промени на кожата. Интензитетот на непријатноста е различен, па кај некои пациенти ќе преовладуваат желудочни пореметувања, додека други посилно ќе ги чувствуваат индиректните симптоми.

Поврзаност со ракот

Според најновите податоци, постои зголемена поврзаност на бактеријата Хеликобактер пилори и ракот или (МАЛТ) лимфом на желудникот. Ова дава нова, многу посериозна димензија на оваа бактериска инфекција, особено затоа што сѐ уште не е утврдено зошто овие малигни болести се развиваат само кај одредени пациенти.

Посебно е загрижувачки тоа што кај заразените со Helicobacter pylori четири пати почеста е појавата на карцином.

Терапија

Третманот на оваа инфекција првенствено вклучува целосна промена во исхраната и начинот на живот. Треба да јадете редовно и често, во мали количини, а неопходно е да се избегнува многу зачинета и лута храна, како и консумирање алкохол.

Инфекцијата со Helicobacter pylori може да биде поврзана со нетолеранција на глутен, па пациентот треба да избегнува леб, тестенини, колачи, односно, намирници кои содржат пченично, ‘ржано или јачмено брашно.

Исто така, во исхраната не се пожелни сојата и кравјото млеко, како и кофеинот, алкохолот, солта, индустриски преработената храна, масното црвено месо и газираните пијалаци. Хеликобактер пилори во стомакот бара дисциплина и конзистентност во исхраната.

За да избегнете непријатни симптоми, во менито треба да се воведе храна богата со растителни влакна како овошје и зеленчук, особено јаболка, брусница, кромид, целер, мешунки и ленено семе.

Треба да се избегнува пржено месо, како и скара. Препорачливо е да се воведе риба најмалку двапати неделно. Избегнувајте вештачки засладувачи и шеќери и обидете се да јадете помалку кисело овошје.

Моќниот зеленчук – најдобар сојузник

Едно истражување покажало дека само 70 гр брокула дневно се доволни за да се намали концентрацијата на Хеликобактер пилори за дури 40 проценти. Овој режим на исхрана е потребно да го следите најмалку два месеци.

Брокулата е намирница која обезбедува речиси сѐ што е потребно за здравје, подмладување и детоксикација на организмот. Ги спречува алергиите, настинките, артритисот, ракот, докажуваат истражувањата, но и болестите на очите, ја дава потребната енергија и виталност, а помага и за слабеење.

Оваа инфекција се третира со промена на начинот на исхрана, но и со лекови, така што клучно за оздравување е лекувањето договорено со вашиот лекар.

Фото: Pexels