Знаете ли кој фрла најмногу храна?

Дали знаевте дека додека бројот на гладни луѓе низ целиот свет постојано расте, a секоја година се фрлаат сто милиони килограми храна во Европската унија?

0
225

Некои истражувања покажуваат дека виновниците за овој грд феномен се на секој дел од стариот континент, но неодамнешното истражување на Европската комисија го впери прстот, пред сѐ, кон Британците.

Секоја година, просечен жител на оваа земја фрла 150 килограми храна. Дури една четвртина месо и риба, 40 проценти овошје и 50 проценти компири завршуваат во кантите за ѓубре. Истражувањата покажуваат дека Британците го прават истото дома, но и кога ручаат во ресторан или престојуваат во хотел. Тоа е за нив само рутина.

Иако Британците се моментални рекордери во неславното фрлање намирници, и ние не сме порационални, па експертите објаснуваат дека е важно сите да ги менуваме навиките при купувањето храна, па да научиме да бидеме попаметни.

И не заборавајте дека секогаш е подобро и похумано да се даде храна на некој на кој му е потребна, да се остави пред зградата, да се нахранат напуштените кучиња и мачки … Така ќе направиме добро дело, наместо да се чувствуваме празно во моментот кога остатоците ги фрламе во кантата.

Совет: Секогаш одите на пазарување со список на потребни работи, наместо да купувате спонтано, без план и ред. Повеќето луѓе паѓаат на маркетиншки трикови, затоа земаат нешто што не им треба само затоа што е на акција.

Фото: Pixabay