Знаете ли што да правите со најмалечките модри патлиџани?

Ако некогаш сте пробале од овие полнети малечки модри патлиџани, наполнети со оревчиња, лукче, магдонос и пиперчиња и прелиени со маслиново масло, тогаш сигурно ќе сакате да ги имате во вашиот фрижидер зимава. Побрзајте, уште можете да ги најдете

0
368

Од овие малечки полнети модри патлиџани, дефинитивно, нема подобра туршија. малку обарени, наполнети со сечкани оревчиња, лук, сечкани свежи црвени пиперчиња и магдонос и прелиени со маслиново масло.

Модрите патлиџани се одлични свежи, кога им е сезона, ама за да не ви недостасуваат и во зима, се надеваме дека си ги подготвивте за туршија. Има најразлични верзии на кои можете да го направите тоа. Ако и не сте направиле, не се секирајте, уште можат да се најдат, а особено се убави оние малечките, таман како за нашиот рецепт.

Малечките модри патлиџани се обаруваат кратко, колку да омекнат, потоа се ставаат во цедалка и врз нив се става нешто тешко за убаво да се исцедат.

Засечете ги и наполнете ги со сечкани свежи црвени пиперчиња (од оние последните), сечкани оревчиња, сечкан магдонос и секако, сол и маслиново масло.

Наредете ги во тегла и прелијте ги со маслиново масло. Затворете ја теглата и туршијата е готова.