Знаете ли што се тоа кумквати?

Сигурно веќе сте ги виделе овие плодови кои личат на мали портокалчиња, но можеби не сте знаеле за какви плодови станува збор. Станува збор за агруми за кои е најинтересно тоа што за разлика од другите агруми, се јаде заедно со кората.

0
432

Ние досега не сме имале можност да ги видиме во некој скопски двор, но сигурни сме дека ги има. Ако не сте баш некој експерт, нема ни да знаете дека се тоа кумквати сѐ додека не дојде време за плодовите кои личат на мали портокалчиња.

Кумкватите се вид на агруми, со многу сладок вкус, а она што ги разликува од другите агруми е тоа што се јадат заедно со кора. Првично се одгледувале само во Кина, а денес нивното производство е проширено низ целиот свет. Постојат четири типа на кумквати, а тоа се нагами, маруми, меива и див кумкват од Хонг Конг.

Ова овошје, како и повеќето агруми, содржи големи количини на витамини А, Ц и Е, како и фитонутриенти кои нè штитат од лошите ефекти на слободните радикали. Ако сѐ уште не сте ги пробале, ќе ви дадеме неколку повеќе од добри причини зошто треба да го пробате ова овошје.

Го зајакнува имунитетот. Кумкватот е феноменален извор на витамин Ц и содржи дури 43,9 милиграми на 100 грама, што е 73 проценти од препорачаната дневна доза. Поради толку голема концентрација на витамин Ц, тој е одличен за зајакнување на имунитетот, а исто така штити од настинки, грип и други вообичаени инфекции.

Штити од канцерогени заболувања. Кумкватот содржи големи количини на антиоксиданси како витамин Ц, но и витамини А и Е. Покрај витамини, има и добри количини на флавоноиди од фитонутриенти како каротин, танин, зексантин, пектин,… Антиоксидантите и фитонутриентите го штитат организмот од слободните радикали кои се одговорни за развој на многу болести.

Го подобруваат кардиоваскуларното здравје. Конзумирајќи кумквати, ги намалувате покачениот холестерол и триглицеридите во крвта, што влијае на добар проток на крвта и го намалува ризикот од мозочен и срцев удар. Ова овошје е богато со калиум, кој одржува добро ниво на течности во организмот, што е од големо значење за добриот крвен притисок и отчукувањата на срцето. Покрај сето тоа, тука се и здравите омега 3 и омега 6 масни киселини за кои се знае дека се од голема важност за здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Заштитуваат од дијабетес. Поради сите антиоксиданти кои одат во пар со здрави диетални влакна и омега 6 и омега 3 масни киселини кои го контролираат нивото на триглицериди, кумкватите се одлични за намалување на ризикот од дијабетес тип 2.

Заштитуваат од воспаленија. Фитонутриентите, антиоксидантите и танините се докажано силни борци против воспалителни состојби во организмот предизвикани од слободните радикали. Кумкватите се покажале како одлична превенција од артритис и крути артерии.

Го дигаат нивото на енергија. Ова необично овошје е одличен извор на рибофлавин, за кој е докажано дека го забрзува метаболизмот и го поттикнува варењето на јаглехидратите, протеините и мастите. Многу се ефикасни и за брз налет на енергија.

Складирање и купување

Здравите плодови треба да имаат убава потемна портокалова боја и да бидат цврсти на допир. Избегнувајте овошје на кое има какви било дамки.

Ова овошје треба да се чува во фрижидер.

Употреба во исхраната и кулинарството

Пред јадење, протријте го ова овошје малку меѓу прстите, за да ги ослободи соковите и маслата кои имаат сладок вкус на цитрус и на овој начин ќе биде многу повкусно. Вкусот најмногу потсетува на мандарина, а единствената разлика е во формата и во тоа што кората е доволно мека за јадење.

Од ова овошје може да се подготват џемови, сокови, пити, … исто како и од другите агруми.