Зошто би требало да грицкате зрна какао?

Еве неколку многу добри причини зошто треба да размислите наместо чоколадо, да почнете да грицкате зрна какао.

0
155

Знаеме дека од какао се прават омилените чоколади, дека можеме да ги смелеме и од нив да направиме вкусен топол напиток, но можеме и да ги грицкаме и притоа, да направиме нешто добро за нашето здравје.

Јаглените какао зрна се препржени и излупени од надворешната обвивка и се кршат на помали парчиња за полесно да се јадат. Можете да ги грицкате како ужинка, наместо десерт, но можете и да ги додадете во разни јадења за да добиете крцкава текстура и препознатлива арома на чоколадо. Покрај сето ова, ќе вклучите хранливи материи од големо значење за општото здравје на вашето тело.

Нутритивна вредност на зрната какао

Околу 30 гр зрна какао подготвени на овој начин содржат само 130 калории, 13 грама маснотии, 10 грама јаглехидрати и 3 грама протеини. Овие зрна се едни од најбогатите извори на магнезиум во исхраната, а содржат и калциум, железо, бакар, цинк и калиум. Зрната какао содржат 272 милиграми магнезиум на 100 грама. Магнезиумот е многу важен минерал, а на многу луѓе често им недостасува. Магнезиумот игра многу важна улога кога станува збор за здравјето на нервите и функцијата на мускулите, јачината на коските и циркулацијата, и бидејќи нашето тело не може да го произведува самостојно, многу е важно да го внесуваме преку додатоци.

Истражувањата покажаа дека зрната какао содржат повеќе антиоксиданти од боровинките, црвеното вино и зелениот чај. Многу е важно да се напомене дека антиоксидансите во зрната какао се многу постабилни отколку во другите намирници и дека полесно се асимилираат во организмот.

Здравствени придобивки

Со грицкање на вкусните зрна какао можеме да имаме многу придобивки за општото здравје на организмот.

Ги зголемува нивоата на енергија. Овие зрна содржат супстанција наречена теобромин, стимуланс на централниот нервен систем, кој го има истиот ефект врз енергијата како кофеинот. Ако немате сила да го издржите обемот на работа до крај, наместо да испиете уште една шолја кафе, грицнете некое зрно какао.

Го подобрува расположението. Ова веројатно не ве изненади бидејќи се знае дека чоколадото го има истиот ефект. Какаото содржи аминокиселина триптофан кој произведува невротрансмитер серотонин. Зголеменото ниво на серотонин во организмот позитивно влијае на расположението и ги ублажува симптомите на вознемиреност. Со грицкање на зрна какао, се ослободува и ендорфин, природен опијат што се наоѓа во нашето тело, а ендорфинот е она што ни носи чувство на среќа и на некој начин опиеност. Ова чувство им е многу добро познато на чокохоличарите.

Ги ублажува симптомите на ПМС. Недостатокот на магнезиум во организмот резултира и со зголемени симптоми на ПМС, а ова може да го ублажите со зрна какао. Дури 40 проценти од жените признаваат дека чувствуваат неверојатна потреба за чоколадо за време на ПМС, а причина за тоа може да биде недостатокот на магнезиум што можете да го надополните со зрна какао. Од друга страна, грицкањето какао е дефинитивно поздрава опција за да ја задоволите желбата за чоколадо.

Го контролира апетитот. Бидејќи содржи хром, кој е многу важен минерал што го регулира нивото на шеќер во крвта и го контролира апетитот.

Ја подобрува циркулацијата. Какаото е многу богат извор на флавонол, моќен антиоксиданс кој е многу важен за добра циркулација. Флавонолите помагаат во спречување на згрутчување на крвта и формирање блокади во артериите со спречување на оксидација на маснотии во нив. Флавонолите ја прават крвта помалку леплива што го намалува ризикот од срцеви и мозочни удари.

Го подобрува нивото на холестерол во крвта. Какаото ги содржи истите мононезаситени масти исто како и маслиновото масло, што е докажано дека го зголемува нивото на добар холестерол во крвта.