Зошто е добро да се јаде компот од круши?

Истражувањата покажуваат дека влакната во крушите можат да придонесат за намалување на лошиот холестерол, но и како превенција од рак. Токму заради влакната и нискиот гликемиски индекс, тие помагаат и во контролата на дијабетесот.

0
128

Компотот е сладок десерт што потекнува од средновековна Европа. Се подготвува од разни плодови со варење на овошјето во вода, што овозможува и полесно варење на овошјето во организмот. Компотот од круша не само што може да го заслади вашиот појадок или да ви послужи како десерт, туку има и голем број здравствени придобивки, особено кога станува збор за варењето.

Можете да јадете компот од круша како посебен десерт, да го измешате со житарки, сладолед, јогурт и јаткасто овошје или да го додадете во колачи.

Здравствени придобивки

Крушите се исклучително добри за нашето здравје од неколку причини. Тие содржат витамини Ц и К, како и бакар, кои дејствуваат како моќни антиоксиданти за заштита на клетките од слободните радикали.

Ова овошје, исто така, има корисен ефект врз срцето. Истражувањата покажуваат дека влакната во крушите можат да придонесат за намалување на лошиот холестерол, но и како превенција од рак. Токму заради влакната и нискиот гликемиски индекс, тие помагаат и во контролата на дијабетесот.

Крушите генерално се сметаат за „безбедно овошје“ бидејќи се хипоалергични, што значи дека ретко предизвикуваат алергиска реакција.

Овошниот компот генерално се смета за природен лек за запек. Ако правите компот од круша, дополнителна придобивка за варењето може да бидат бројните влакна во крушите кои се одлични за одржување на здрави црева и добро варење.

Крушите содржат и пектин, вид на влакна кои имаат диуретично дејство, односно благ лаксативен ефект.

Компот од круша – рецепт

Ова е класичен рецепт за компот од круша со цимет. Правењето компот од круша не бара многу, ниту ќе ви одземе многу време.

Состојки:

3 круши (излупени и исечени на коцки),
1 лажица сок од лимон,
50 гр шеќер,
½ лажичка цимет во прав,
60 мл вода.

Приготвување:

Ставете ги сите состојки (освен водата) во сад и добро измешајте ги.
Варете ги на тивок оган, мешајќи постојано, додека не се формира тенок слој течност на дното на садот (околу 3 минути).
Малку зголемете ја топлината, додадете вода и варете додека крушите не омекнат (околу 15 минути).
Оставете го компотот да се излади, ставете го во чисти тегли, а потоа во фрижидер.

Компот од круша без шеќер – рецепт

Ако обрнувате внимание на нивото на внесување шеќер или сакате само поздрав рецепт за компот од круша, овој рецепт е вистинскиот за вас!

Состојки:

3 круши (излупени и исечени на коцки),
60 мл вода,
1 лажичка цимет,
½ лажичка ѓумбир во прав.

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки во сад.
Ставете ја смесата на оган и кога ќе зоврие намалете го огнот.
Гответе на тивок оган 30 минути.
Кога компотот е готов, лесно изгмечете ја смесата.
Оставете да се излади, ставете во чисти тегли, потоа во фрижидер.

Компот од круши без варење

Ако сакате да подготвите компот од круша без пастеризација, можете да ги бланширате. Ова значи ставање исечени круши во врела вода на 2-3 минути, потоа вадење, цедење и ставање во чисти тегли. Додадете ладна вода (и зачини по желба) во теглата, а потоа затворете. Потоа теглите треба да се варат на тивок оган во вода околу 10 минути.

Фото: Pexels