Зошто печурки со пилешко се одлична комбинација?

Цинкот од растителни извори, како печурки или кељ, најдобро се комбинира со извор на животински протеини и на тој начин се зголемува апсорпцијата на цинк. Прочитајте зошто се препорачуваат некои комбинации на намирници

0
326

Понекогаш дури и најдобрите намирници не вредат сами по себе, бидејќи без соодветна комбинација, тие не се во состојба да му понудат на телото доволни количини на витамини и минерали. Има многу комбинации, само треба да ги запознаете.

Витамин Ц и железо од растенијата

Витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железото, кое се наоѓа во растителната храна, како што се гравот, леќата, јаткастите плодови, спанаќот. Железото е потребно за да се пренесе кислород во крвта. Поради хемиската структура, не-хем железото има мала биорасположивост, што значи дека не се апсорбира лесно од човечките црева. Хем железото, кое се наоѓа во животинското месо, јајцата, човечкиот организам може подобро да го користи заради неговата лесна апсорпција.

Комбинацијата на не-хем железо со витамин Ц може да ја зголеми неговата апсорпција, бидејќи витаминот Ц влијае на хемиската структура на не-хем железото, кое потоа добива форма во која нашето тело полесно го апсорбира. Затоа, слободно исцедете го сокот од лимон во супа од леќа, додадете во хумусот стапчиња црвен пипер, измешајте пиперка и домат со црниот грав.

Цинк и протеини

Иако на телото му треба многу мала количина цинк, овој минерал поддржува многу физиолошки процеси, особено кога станува збор за нашиот имунолошки систем. Најдобри извори на цинк се производите од животинско потекло, како пилешко и риба, кои лесно се апсорбираат од нашето тело. Растителната храна, како што се житарките, мешунките и семките, исто така, содржат доволни количини цинк, но оваа храна содржи и фитати, фитинска киселина, што ја намалува апсорпцијата на цинк.

Цинкот од мешунките од цели зрна е добар во комбинација со животински протеини, кои се врзуваат за фитатите. Потопувањето на цели зрна и мешунки во вода осум до дванаесет часа пред готвењето помага за намалување на фитатите. Цинкот од други растителни извори, како печурки или кељ, најдобро се комбинира со извор на животински протеини и на тој начин се зголемува апсорпцијата на цинк. Печурки со пилешко се одлична комбинација. Се препорачува комбинација од растителна храна богата со цинк, како што се цели зрна, мешунки и животински протеини. Изворите на цинк од црвено месо и пилешко можете да ги јадете и самостојно, бидејќи содржат повисок извор на протеини.

Витамин Д и магнезиум

Витаминот Д ја зголемува апсорпцијата на магнезиум, минерал неопходен за добро функционирање на клетките и срцето. Нашето тело мора да содржи магнезиум, за да го внесе витаминот Д преку кожата кога времето е топло. Кога станува збор за храна, лососот или пастрмката полна со витамин Д се одлична комбинација со додаток на бадеми или семки од тиква и печурки со бадеми и семки од тиква.

Куркумин и пиперин

Главното соединение на куркумата, куркуминот, има антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Но, како и катехините во чајот, куркуминот слабо се апсорбира сам по себе. Се метаболизира многу брзо, па може само да пролета низ организмот. Решението е да додадете црн пипер во куркумата. Според американските експерти, главното соединение на црниот пипер, пиперинот, може да ја зголеми биорасположивоста на куркумин за околу две илјади проценти. Пеперинот од црниот пипер помага куркуминот да навлезе од цревата во крвотокот, со што се подобрува апсорпцијата. Совршена комбинација е печен зеленчук со маслиново масло, попрскано со малку куркума и црн пипер. Овој зачин е добар додаток за пржени јајца, супи или ориз.

Фото: Pexels