Зошто секој ден треба да пиете сок од ѓумбир?

Сите ги знаеме здравствените придобивки од ѓумбирот, но видете заради што се треба да го пиете во форма на сок

0
315

Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини во светот, особено во Азија. Содржи соединенија кои имаат антиинфламаторно, аналгетичко, антиканцерогено дејство. Ѓумбирот во оброците и пијалоците го подобрува варењето на храната и помага при лекување на настинки.

За имунитет – ако сте склони кон настинки и грип, треба редовно да пиете ѓумбир, бидејќи тоа ќе има позитивен ефект врз зајакнувањето на вашиот имунитет. Пиењето сок од ѓумбир, исто така, ја подобрува циркулацијата.

За заболените кои страдаат од иритабилно црево – Ѓумбирот ги ублажува нервозните симптоми на иритабилното црево ако се пие во форма на чај или сок.

Кај Алцхајмерова болест – истражувањата покажале дека секојдневната консумација на ѓумбир може да го забави пропаѓањето на мозочните клетки, што е водечка причина за Алцхајмерова болест.

За апетит – ѓумбирот може да го стимулира, но и да го намали апетитот. Го стимулира апетитот со производство на повеќе киселини во стомакот. А како средство за слабеење дејствува такашто ви дава подолго чувство на ситост.

За уморни мускули – по тренингот на сила, добро е да се јаде храна на која сте ѝ додале ѓумбир. Најдобро делува ако го пиете или јадете наутро пред било што друго.

За ​​стабилизирање на глукозата во крвта – Научниците во Австралија откриле дека ѓумбирот го намалува високото ниво на глукоза во крвта. Важно е да го знаете нивото на глукоза во крвта, бидејќи тоа влијае на вашата тежина и нивото на енергија.

Како да подготвите сок од ѓумбир?

Прво излупете го коренот од ѓумбир, а потоа изрендајте го или исечкајте го и исцедете го сокот преку гмечалка за лук. Додадете му на тоа сок од еден лимон и вода, 3-4 дл вода ќе го разблажат интензивниот вкус на ѓумбирот.

Фото: Pexels