Зошто сокот од банана е толку добар за вас?

Сокот од банана лесно се прави, а доколку го вклучите во вашата исхрана, ќе забележите неверојатна промена - подобро варење, помалку стрес и повеќе енергија.

0
166

Ова овошје е полно со хранливи материи, одлично како здрава закуска и негувателка на косата и кожата. Сепак, тоа не е сè што може да стори. Со сокот од банана можете да го подобрите здравјето, а особено се препорачува за пушачи, бидејќи ги намалува последиците од консумацијата на тутун.

Бананите се богати со витамини Б3, Б5, Б6 и Ц. Затоа, не е ни чудо што се толку добри за зајакнување на имунитетот, а се полни со растителни влакна, такашто значително го подобруваат варењето.

Како да направите сок од банана?

Ставете во блендер 2 исечкани и излупени банани, 120 мл млеко и 2 лажици мед. Измешајте сè додека не добиете густ сок. Можете исто така да додадете малку екстракт од ванила. Сокот може да го направите и такашто ќе измешате 2 сечкани банани, 1 чаша вода и 3 лажици млеко во прав. Можете да додадете и шеќер и ванилин шеќер или ако сакате да се освежите додадете малку мраз. Измешајте сè во густ сок. Може да го пиете за време на појадок или како енергетски напиток пред вежбање.

Зошто е добар?

По некое време редовно консумирање на овој сок, ќе забележите дека варењето значително се подобрило – нема повеќе да имате запек – можете да бидете сигурни во тоа. Многу нутриционисти сметаат дека овој сок е најдобриот природен додаток во исхраната. Овој сок можете да го користите и за здраво зголемување на телесната тежина или за слабеење (секако, со различни начини на подготовка).

Како влијае на стресот и расположението?

За тој сегмент е одговорен триптофанот кој се наоѓа во бананите и го стимулира производството на серотонин, т.н. хормон на среќата. Ако имате стресна работа, сокот од банана е вистинската работа за вас. Плус тоа ќе ве исполни со енергија со само неколку голтки. Не е ни чудо што спортистите јадат банани пред натпревар или тренинг. И исто така е одлично за концентрација.

Според некои истражувања, јадењето банани може да биде корисно и за оние со проблеми со чир на желудник, а пиењето на овој сок го намалува ризикот од рак на бубрег.

Фото: Pexels