Зошто треба да го замрзнуваме сокот од портокал?

Според шпанските научници, сокот од портокал е уште покорисен за човечкото тело ако претходно се замрзне. Причината, сметаат тие, се крие во тоа што важните каротеноиди по одмрзнувањето се трансформираат во помали честички кои организмот значително полесно ги апсорбира.

0
605

Портокалите се едни од најкорисните агруми. Имаат пријатен и освежувачки вкус и се исто така добар извор на корисни материи. Исцедените портокали се задолжителен дел од појадокот за многумина.

Шпанските научници откриле и како да ја направите оваа напивка уште покорисна. Според нив, сокот од портокал е уште покорисен за човечкото тело ако претходно се замрзне.

Причината, сметаат научниците, се крие во тоа што важните каротеноиди по одмрзнувањето се трансформираат во помали честички кои организмот значително полесно ги апсорбира.

Каротеноидите имаат важна улога во превенцијата од карцином. Поради нивните моќни антиоксидантни својства, тие го забавуваат процесот на стареење и го штитат организмот од слободни радикали.

Внесувањето на каротеноиди има корисен ефект и кај ангината, катарактата, астмата, артритисот, женските проблеми со различен карактер, карцином на белите дробови, проблеми со простатата и разни други здравствени проблеми.

Фото: Pixabey