Измешајте ги овие три состојки и спречете рак на дебело црево, простата, мозок и дојка

Велат дека не треба да се плашите од карцином ако ги измешате и консумирате овие три состојки

0
883

За здравствените придобивки на куркумата сме пишувале многу пати досега, но таа, консумирана самостојно, има многу мала стапка на апсорпција. Меѓутоа, кога ќе ја комбинирате со црн пипер и некое здраво масло како маслиново или масло од авокадо, се зголемува апсорпцијата и максимално се искористуваат нејзините придобивки. Куркумата е растворлива во масти, а без маснотии, куркуминот, активната компонента во куркумата, ѝ треба повеќе време да помине низ стомакот и да влезе во тенкото црево и да се апсорбира во циркулаторниот систем за да понуди најголема корист. Додавањето на црн пипер пак ја зголемува биорасположивоста на куркуминот за 1.000 пати, како резултат на пиперинот, лутото својство на црниот пипер.

Куркумата може да се користи свежа, но најзастапена кај нас е како куркума во прав. Можете да ја додавате во голем дел од оброците што ги спремате, како и во утринската овесна каша и супата за вечера.

Експертите велат дека не треба да се плашите од карцином ако ги мешате и консумирате овие три лесно достапни состојки чии резултати се потврдени во западните медицински истражувања.

Ако ги користите овие три состојки секој ден, речиси сигурно нема опасност од заболување од рак. Станува збор за куркума, маслиново масло и црн пипер.

Измешајте една четвртина лажица куркума со половина лажичка маслиново масло и додадете малку мелен црн пипер. Измешајте сè заедно добро. Добиената мешавина можете да ја користите како додаток на салати и јадења, но исто така можете да ја консумирате сама.

Ако го додадете во термички обработени оброци, тогаш ставете ја смесата во храната на самиот крај за да не се превари. Ако го јадете така, можете да додадете  малку вода.

Антиинфламаторните способности на куркумата се неверојатно моќни. Нема друга, природна состојка што е поефикасна во намалувањето на воспаленијата од куркумата, а истражувањата покажале дека спречува рак на дебелото црево, простатата, мозокот и дојките.

Фото: Freepik