Имате ненадејна желба за одредена храна? Еве што се обидува да ви каже вашето тело …

Понекогаш, задоволувањето на желбата за некоја намирница е всушност само начин да се надмине одреден привремен недостаток.

0
266

Наеднаш добивате желба за одреден вид храна? Можеби вашето тело се обидува да ви каже нешто: треба да го знаете ова пред да ја интерпретирате неговата порака.
На секого, помалку или почесто, им се случува да почувствуваат ненадејна потреба за одредена храна, можеби дури и за некоја што инаку ретко ја јаделе. На тој начин всушност ни се обраќа нашиот организам, таа убава и сложена органска машина која сè уште ги памети своите дамнешни способности за адаптација и преживување. Тој нè води кон она што ни треба. Затоа, понекогаш, задоволувањето на желбата за некоја намирница е всушност само начин да се надмине одреден привремен недостаток.

Желба за чоколадо, едноставни шеќери, колачи

Желбата да се јаде чоколадо и друга храна што содржи едноставни шеќери е една од најраспространетите желби во исхраната кај луѓето. Во основата на оваа незаситна желба всушност може да се најде недостаток на серотонин, невротрансмитер кој учествува во регулирање на расположението и чувството на ситост. Недостатокот на овој хормон е многу распространет, исто како и желбата за чоколадо. Алтернативен начин за решавање на овој привремен недостаток може да се бара во физичката активност што индиректно доведува до зголемување на нивото на серотонин во организмот или во потрошувачката на некои видови храна богата со триптофан (претходник на серотонинот), како што се цели зрна, мешунки, банани и маслодајни семиња.

Желба за млеко и сирење

Сите ние сме ја доживеале желбата за сирење и особено за млеко во одреден момент од животот. Само да се потсетиме на првите години од животот кога го доживувавме шишето млеко како бакнеж за добра ноќ. Седативниот ефект на млекото главно е поврзан со казеинот и калциумот и благодарение на нив млекото делува како природен седатив. Желбата за млеко може да укаже на недостаток на магнезиум, калциум и мелатонин, хормони вклучени во регулирањето на спиењето и будноста. Во овој случај, најдобро е млекото да се замени со суво овошје, или со бадеми, кои покрај тоа што се богати со калциум и магнезиум, го поттикнуваат природното ноќно лачење на мелатонин и со тоа го олеснуваат спиењето.

Желба за помфрит, грицки и конзервирани производи

Нездравата храна е едно од најголемите зла на нашето време, но за жал таквата храна стана составен дел од нашите навики во исхраната со сериозни последици по нашето здравје. Но, понекогаш посакуваме таква храна, не поради вкусот или поради навика, туку поради недостаток на хлор и натриум, што често се случува со луѓе кои активно се занимаваат со спорт. Во тој случај, мора да се осигураме дека консумираме доволно количество вода и да се обидеме да јадеме морска сол, риба и месо како замена. Овие намирници, покрај натриум хлорид, ќе ни донесат и висококвалитетни протеини вредни за нашето мускулно ткиво.

Желба за пржена и мрсна храна

Желбата за пржена храна, масни и тешки сосови или салами може да ги крие промените во таканаречениот лептински пат, што е клучно за нервната регулација на апетитот и ситоста. Во овој случај, на прво место би било важно да не се консумира храна богата со шеќер, а на второ да се обиде да се задоволи желбата за оваа храна со конзумирање на маслодајни семиња, екстра девствено маслиново масло, чоколадо кое содржи 90 проценти какао, сушено овошје, авокадо и масна риба. Покрај тоа што го снабдува организмот со незаситени масни киселини, оваа храна е исклучително важна за спречување на кардиоваскуларни заболувања затоа што овозможува оптимално функционирање на лептинскиот пат.

Желба за месо

Желбата за месо често е присутна кај спортистите, а зад неа се кријат еволуциски сигнали поврзани со сексуалната моќ и физичките перформанси, како и со способноста за доминација и заштита на територијата. Оваа желба, која е почеста кај мажите, главно се поврзува со зголемената потреба за железо, витамин Б12 и тестостерон. Сепак, може да се појави и кај жените, особено во периоди кои се психо-физички многу тешки. Дефицитот на железо може делумно да се компензира со конзумирање мешунки, суво овошје и алги, што е особено ефикасно кај жените, но нема многу алтернативи кога станува збор за хормонален недостаток, или недостаток на тестостерон.

Фото: Pexels