Им готвам на сопругата и двеиполгодишното синче, моите главни дегустатори

Борче Стојановски е су-шеф во ресторанот Four, во хотел Парк. Во моментов, поголемиот дел од времето е во самоизолација, во кругот на семејството, сопругата и двеиполгодишното синче кои со задоволство ги испробуваат неговите рецепти.

0
1216

Су-шеф во ресторанот „Four“, Борче Стојановски е во оваа професија цели 20 години, а дека сака да го работи ова знаел уште од дете, уште пред запишувањето во средното училиште „Лазар Танев“ во далечната 1997. година.

„Веќе четири години работам како су-шеф во ресторанот „Four“ во хотел Парк .

Таму шеф на кујна е Грк, Елефтериус Далајоргос, а со мене се и моите колеги Жарко Тодоровски и Марина Велковска, кои се вистински професионалци во својата работа и секако, нашиот колега одговорен за сите работи во врска со месо и риба, Дејан Саздовски.

Инаку, првото работно искуство ми е во „Холидеј Ин“, кадешто работев 9 години. Потоа работев во повеќе ресторани и хотели во Скопје, бев учесник во лрвото реално шоу за избор на најдобар готвач во Македонија, а можам да се пофалам и дека сум меѓу лрвите македонски готвачи кој излезе надвор од границите на нашата држава, во состав на делегација од македонски готвачи. Бевме на еден кулинарски фестивал во Маниса, Турција,  кадешто со колегите ја лретставивме Македонија. На тоа претставување сум посебно горд затоа што го направив македонското знаме на сувомеснат и млечен ордевер чија фотографија се појави на насловната страна на еден од најчитаните турски весници“, раскажува Борче.

Поради актуелната состојба на своето работно место оди на кратко, се менуваат со колегите и притоа, секако, се грижат за својата здравствена состојба.

„Ги потикнувам луѓето да седат дома, да се заштитат и да готват и да испробуваат нови рецепти. Јас го правам тоа постојано, им готвам на сопругата и на синчето и испробувам нови рецепти“, вели нашиот соговорник.