Индиските готвачи би додале во ајварот и малку кари (ВИДЕО)

На прашањето од шеф Виктор Настески, кој со својата екипа готвачи на бродот закотвен во Довер, Англија направи ајвар, дали му се допаѓа вкусот, индискиот готвач вели дека вкусот би бил подобар ако му се додаде и малку кари. Што мислите вие за предлогов?

0
240

За снаодливоста на македонскиот шеф Виктор Настески кој успеа да ја спаси големата количина преостанати намирници на бродот на кој е тој шеф на кујна, а кој поради пандемијата на коронавирусот остана без патници, веќе пишувавме, а сега го имаме и видеото од дегустацијата.

Погледнете го до крај затоа што токму на крајот е предлогот на еден од индиските готвачи кои учествувал во правењето – дека вкусот е одличен, но би бил уште подобар ако му се додаде и кари!

Koj saka Ajvar Covid 19+ ve molam naracki vo inbox🤣🤣🤣Vo ovie teski momenti ni treba i malku humor😉#AjvarCovid19+#StayPositive#CurryAjvar🤢🤣

Viktor Nasteski 发布于 2020年3月30日周一

Фото: Фејсбук