Испратете рецепт и добијте подарок

Пет читатели кои ќе ни испратат рецепт ќе добијат восочна обвивка за чување на храна. ЕКО восочната обвивка е рачно изработена природна амбалажа од 100% памучен материјал и природен пчелин восок од локални македонски пчелари. 

0
218

ЕКО восочните обвивки се наменети за повеќекратна употреба како здрава, одржлива алтернатива за пластичните и алуминиумски материјали со еднократна употреба и на тој начин придонесуваат за решавање на проблемот со отпадот. Можат да се користат повеќекратно, во период од шест или повеќе месеци. Идеални се за чување лимони, јаболка, авокадо, кашкавал, леб, магдонос, итн. На пример, исечено јаболко не оксидира, а зачините не се сушат ниту пак мувлосуваат како што се случува кога стојат во кеса.ЕКО восочната обвивка ‘дише’ и овозможува хранатa да остане подолго свежа, со што се намалува расипувањето и загубата на храна.

ЕКО восочните обвивки имаат потенцијал да го намалат беспотребното трошење на храната како резултат на антибактериските својства на пчелиниот восок кои можат да го превенираат расипувањето на храната.

Обвивките може да се користат и за пакување сендвичи, за покривање садови, за завиткување на цвеќе, предмети и сл. Единствено не се препорачува во нив да се чува месо или сувомеснати продукти.

Во зависност од фреквентноста на употребата, откако обвивката ќе ја изгуби својата основна функција, може да се компостира.

Поради сето ова, ЕКО восочните обвивки се дел од решенијата за проблемите со животната средина како што се загадувањето со пластика, создавањето на отпад и прекумерното трошење на храна.

Восочните обвивки ги изработува скопјанката Соња Димитровска која силно верува во колективната свест и во тоа дека секој индивидуален избор влијае на сите нас. „Веруваме во мала промена на секојдневните навики која би ѝ помогнала на нашата заедница, но генерално, и на планетата. Со вистински свесен избор и здрави навики можеме да живееме квалитетен живот и да го промениме светот“, вели госпоѓа Димитровска.

Испратете ни рецепт со фотографија, а ние ќе ви подариме една восочна обвивка.