Истражување: Медот е подобар за кашлање и болки во грлото отколку современите лекови

Новите истражувања покажаа дека медот може да биде подобар лек за кашлица и настинки отколку модерните лекови.

0
363

Истражувачите велат дека медот е поефикасен во олеснување на симптомите на настинка и грип отколку вообичаените комерцијални лекови и дека може да биде побезбедна, поевтина и поприфатлива алтернатива за антибиотиците.
Истражувачите ги повикуваат лекарите наместо антибиотици кои можат да предизвикаат и несакани ефекти, но и отпорност доколку се консумираат прекумерно, да им препишуваат на пациентите мед.

Медот долго време се користи како домашен лек за кашлица, но неговата ефикасност во лекувањето на некои други болести не била сериозно истражена.

Научниците од универзитетот Оксфорд прегледуваат бази на податоци за релевантни студии споредувајќи ја ефективноста на медот или производите со мед и стандардните современи лекови, како што се антихистаминици, експекторанси, олеснувачи на кашлица и лекови против болки.

Резултатите од студијата покажале дека медот е ефикасен во лекувањето на воспаленија на горните дишни патишта.

„Медот е широко достапен и е ефтина алтернатива на антибиотиците. Медот би можел да помогне во напорите да се забави ширењето на антимикробниот отпор, но потребни се дополнителни квалитетни испитувања со контролирање со плацебо“, велат истражувачите.

Истражувачите ги анализирале резултатите од 14 клинички студии во кои учествувале 1761 субјекти од различни возрасни групи. Се покажало дека медот е поефикасен од вообичаените лекови, особено при смирување на кашлицата.

Меѓутоа, кога ги погледале студиите во кои медот се споредувал со плацебо, авторите не успеале да дојдат до истиот заклучок како и кај другите паралелни студии и заклучиле дека на тоа поле се потребни дополнителни истражувања.

„Бидејќи повеќето инфекции се вирусни, препишувањето антибиотици е исто така неефикасно и несоодветно“, навеле авторите на студијата.

Повеќето претходни истражувања покажале дека медот може да убие бактерии. Покрај тоа, медот е ефикасен против E. coli и салмонела, пренесува CNN.

Фото: Pixabey