Исчистете го организмот со ленено БРАШНО и стопете го вишокот килограми

Кога се консумира цело лененото семе не носи еднаква полза за организмот како меленото, туку само поминува низ цревата без разградување, со што речиси и не носи никакви придобивки. Затоа, многу лесно смелете го лененото семе во блендер или во мелница за кафе и ќе добиете ленено брашно

0
325

Ленот е една од најважните состојки на здравата исхрана. Она што лененото семе го прави толку посебно е надворешната обвивка од 5 слоја.

Лененото семе содржи топливи и нетопливи влакна кои одлично ги чистат цревата и се од голема полза за сите кои имаат бавни црева и отежнато варење.

Но за целосно да се искористат придобивките од ленот, најдобар начин е за тоа да се употреби брашното добиено со мелење на семките. Лесно можете да ги смелите и сами во блендер или во млин за кафе.

Придобивките од лененото брашно

Кога се консумира цело лененото семе не носи еднаква полза за организмот како меленото, туку само поминува низ цревата без разградување, со што речиси и не носи никакви придобивки.

Меленото семе во облик на брашно е значително подобро за консумација и го снабдува телото со влакна, омега-3 масни киселини и протеини.

Омега-3 масните киселини се присутни во јадрото на ленот и поради тоа обвивката мора да биде пробиена за да можете да ги искористите. Тоа е една од причините зошто лененото брашно има поголема нутритивна вредност од самото семе.

Лененото брашно е исто така одлично доколку се обидувате да ослабнете или да ги подобрите своите прехранбени навики. Лененото брашно е богато со нутриенти, има бројни лековити својства и е одлична замена за белото брашно. Тоа не содржи глутен па идеално е и за луѓето на кои глутенот им предизвикува здравствени проблеми. Исто така, се користи и за подобрување на варењето и олеснување во случај на запек. Лаксативното дејство на лененото брашно е добро затоа што ги чисти цревата од наслаги и токсини и го поттикнува растот на добрите бактерии. Помага и во снижување на лошиот холестерол, а со тоа и за подобрување на здравјето на срцето и крвните жили.

Лененото брашно е богато со влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта.

Содржи и лецитин кој помага за разградување на нездравите масти во трактот за варење, а влакната и слузот ги врзуваат за себе и ги елиминираат од телото со што се спречува нивното задржување во организмот.

Лененото семе го снабдува организмот и со Б витамини, калиум, магнезиум и цинк – есенцијални за слабеење. Ленените семки се најбогат природен извор на лигнани – состојки со низа лековити својства. Лигнаните спаѓаат во групата на природни фитоестрогени со силни антиоксидативни, антитуморски, антивирални, антифунгални и антибактериски својства, кои исклучително позитивно делуваат и на здравјето на мозокот.

Како се користи лененото семе?

Лененото семе можете да го користите секојднено во исхраната:

Додадете лажица ленено брашно во појадокот

При приготвување на сос, додадете во него лажица ленено брашно

Помешајте лажица ленено брашно со 25 мл кефир или јогурт

Додадете малку ленено брашно во тестото за леб или колачи

Со глед на тоа што е богато со влакна препорачливо е да се консумира со многу течност.

Фото: Pexels