Исчукани, природни, органски – јаболка без восок

Еве, вака некако изгледаат вистински органски јаболка - без еден тон пестициди и светнати од восок со кој голем број на производители ги премачкуваат јаболката.

0
457

Додека ја читам веста за новата сорта јаболки во САД, за чие развивање на научниците им биле потребни две децении и која наводно трае и до една година во фрижидер, ги гледам јаболките купени на Зелен пазар кои доаѓаат од село Наколице, Преспа.

Наспроти новата американска сорта на јаболка која е резултат на истражување спроведено на државниот универзитет во Вашингтон и засега е достапно само во САД, кај нас се уште можеме да дојдеме и до органски и непрскани јаболка.

Токму такви се и овие од село Наколице, јаболки совршени токму поради својата несовршеност, по малку исчукани, цврливи и фала му на Бога, вистински јаболка, без еден тон пестициди и маска од восок.