Какао и куркума: Најздрав хит напиток оваа зима

Оваа малку необична комбинација за кратко време стана вистински хит во светот. Причината е многу едноставна - не само што е вкусно, туку е и здраво!

0
1247

Куркумата помага при многу здравствени состојби: ги ублажува симптомите на артритис, помага во спречување на многу видови на карцином, може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест и Паркинсон, помага при лекување на Кронова болест, лупус, псоријаза …

Исто така, куркумата го зајакнува метаболизмот, ја подобрува циркулацијата и помага во функционирањето на мозокот, а чоколадото содржи серотонин, хормон на среќата, такашто овој вкусен пијалок ве прави посреќни и поздрави.

Рецептот за овој чоколаден напиток со куркума е многу едноставен, има само три состојки и се подготвува за кратко време. Овој пијалок има ароматичен вкус, а моќната куркума ќе му даде интересна, интензивна боја. Бадемовото млеко содржи малку маснотии и многу витамини, такашто ќе го направи пијалокот помалку калоричен, но нутритивно побогат.

Состојки:

1 чаша полномасно кокосово или бадемово млеко
1 лажица какао во прав
1 лажица мед
1/2 лажиче куркума во прав
1/4 лажиче цимет
Прстофат црн пипер
Прстофат морско оревче

Приготвување:

Загрејте го млекото и додадете го какаото. Нека се готви додека не почне да врие. Тргнете го од ринглата, додадете ги другите состојки и добро измешајте.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.