Како да биде и слатко и здраво?

Најдобра алтернатива за белиот шеќер се урмите, па ако размислувате за поздрава варијанта на слатки, решението е да го замените шеќерот со урми.

0
609

Ако сте љубител на благо, ама сакате да се храните здраво, тогаш најдобрата варијанта ви е да го замените шеќерот во вашите слатки со урми. Најдобри се свежите кои можат да се најдат во нашите продавници кои треба само да ги измиете и да им ги извадите семките.

Еве два одлични здрави, вкусни и брзи рецепти за вашиот десерт викендов.

Бомбици со урми и портокали

Состојки:

шолја урми
шолја овесни снегулки
сок од половина портокал
2 лажички кокосово масло
кокосово брашно за украсување
ореви за украсување

Приготвување:

Сите состојки смелете ги во блендер. Направете топчиња и валкајте ги во кокосово брашно. Во секое топче ставете по половина орев. Оставете на ладно да се стегне. Топчињата можете да ги валкате и во мелени ореви, бадеми и сл.

Салама од урми

Состојки:

450 гр исчистени урми
125 гр ореви
3 лажици какао во прав
2 лажици вода
1 лажица екстракт од ванила
1/4 лажичка сол
Кокосово брашно за декорација

Приготвување:

Исчистете ги урмите и додадете ги оревите, какаото, солта, водата и ванилата. Мелете додека не се добие густа маса. Ставете кокос на проѕирна фолија и префрлете ја смесата. Со раце обликувајте ја саламата. Завиткајте во фолијата и оставете ја во фрижидер неколку часа или преку ноќ. Доколку имате трпение и време, од истата смеса можете да направите топчиња и да ги валкате во кокос.