Како да ги исчистите белите дробови со јаболков оцет?

Без разлика дали сте пушач или не, на белите дробови им треба детоксикација. Најдовме одличен рецепт за тридневна детоксикација со јаболков оцет и уште неколку лесно достапни состојки

0
923

Воздухот, особено ако живеете во град, е заситен со загадувачи, индустриско загадување и издувни гасови од автомобилите. Ваквите загадувачи предизвикуваат оштетување на белите дробови, што на крајот може да доведе до хронично опструктивно белодробно заболување.

По вдишување на штетните токсини, тие се лепат на ѕидовите на белите дробови и ја намалуваат нивната еластичност.

Во воздухот кој го вдишувате на отворен и во затворен простор, освен честички од прашина, може да се најде жива, арсен, олово, бензен, диоксини…

Сите овие штетни состојки, откако ќе стигнат до респираторниот систем, го нарушуваат и нашето физичко и ментално здравје.

Покрај тоа, кога белите дробови се исполнети со токсини, нивната способност да се шират при вдишувањето е значително ограничена, што значи дека протокот на кислород до другите органи е значително намален.

Ве советуваме периодично, барем еднаш годишно, да вршите детоксикација и да ги чистите белите дробови од вишокот слуз и токсини за да може непречено да ја извршува својата функција.

Доколку сакате да ги исчистите белите дробови од токсини и слуз, консумирајте пијалок базиран на јаболков оцет неколку дена по ред.

Исто така препорачуваме да пробате 3-дневна детоксикација, што е малку покомплицирано бидејќи бара да цедите неколку сокови на ден, но дефинитивно вреди да се вложи напор.

Пијалок од јаболков оцет за детоксикација на белите дробови

Состојки:

½ лажичка ѓумбир во прав
½ лажичка чили во прав
100 мл органски јаболков оцет
3 лажици мед
100 мл свежо исцеден сок од лимон

Приготвување:

Зовријте го јаболковиот оцет и сокот од лимон. Тргнете од оган и оставете малку да се излади. Потоа додадете мед, чили и ѓумбир и добро промешајте. Истурете во стаклено шише.

Земајте 1 лажица двапати на ден, неколку дена по ред.

Покрај чистењето на белите дробови од токсини, овој напиток стимулира и исфрлање на непријатната слуз и секретите кои ви го нарушуваат дишењето.

Секако, препорачливо е и да ги зачинувате салатите со квалитетен органски јаболков оцет, кој можете да го додавате и во супи, зелени смути и други пијалоци.

Предности на јаболковиот оцет за респираторниот систем:

разредува слуз и го стимулира нејзиното исфрлање
го одзатнува носот
спречува инфекции
ги чисти белите дробови од бактерии
има антиоксидантно влијание

Тридневна детоксикација на белите дробови со природни сокови

Неколку дена пред да ја извршите оваа тридневна детоксикација, целосно исфрлете ги млечните производи од вашата исхрана бидејќи создаваат вишок слуз во вашите бели дробови.

Ноќта пред да започне со детоксикацијата, испијте чаша зелен чај за да го поттикнете отпуштањето на токсини од цревата.

Секој ден во овие три дена детоксикација практикувајте ги следниве чекори:

Исцедете 2 лимони и измешајте го нивниот сок со 300 мл топла вода. Пијте пред појадок.

Пијте 300 мл свежо исцеден сок од ананас или грејпфрут со лесен појадок. Природните антиоксиданти од ова овошје ќе ја стимулираат работата на вашиот респираторен систем и белите дробови.

Пијте 300 мл свежо исцеден сок од морков од соковник помеѓу појадокот и ручекот. Ова дополнително ќе го алкализира телото.

На ручек, пијте 400 мл природен сок богат со калиум, на пример од цвекло, магдонос, портокал, банана, домат, урми или смокви.

Вечерта, пред спиење, испијте 400 мл природен сок од брусница што ќе делува против бактериите во вашите бели дробови.

Практикувајте 20-минутен топол туш за да го охрабрите излачувањето на токсините преку кожата.

Можете исто така да додадете неколку капки масло од еукалиптус во топлата вода во која се капете и силно вдишувајте. Еукалиптусот делува како експекторанс кој ги чисти вашите бели дробови и синусите од слуз.

После оваа детоксикација, минимизирајте го внесувањето млечни производи, внесувакте доволно течности и бидете активни.

Дополнителен совет

Во вашата исхрана што почесто вклучувајте оригано. Овој моќен медитерански зачин ја чисти носната слузница и белите дробови.

Фото: Freepik