Како да ги прочистите бубрезите на природен начин?

Лененото семе има многу здравствени придобивки, а еве и уште една - длабинско чистење на бубрезите со помош на напиток што се добива со варење на една чаша вода со една лажичка семе од лен.

0
197

Од древно време, ајурведските лекари користат семе од лен за чистење на бубрезите. Неопходно е да се земе една лажичка семе од лен во чаша вода и истата да се свари.

Два дена пијте половина чаша од оваа течност, на секои два часа. Бидејќи течноста (изварката) од семето од лен е многу густа, треба да се разреди со топла вода пред да се консумира. Вкусот можете да го збогатите со сок од лимон.

Лененото семе содржи многу корисни состојки за нашето здравје и убавина. Тоа се  користело уште од древно време, а се користи и денес. Главната причина за ова лежи во фактот дека семето од лен содржи десетици хранливи материи. Линолеинска (омега-6), олеинска (омега-9) и палмитинските масни киселини и повеќе од половина од мастите содржани во лененото семе се алфа линоленска киселина (омега-3). Богати се со растворливи и нерастворливи влакна. Протеини, витамин Б1, магнезиум, цинк и селен. Токму поради овие исклучителни хранливи вредности, семето од лен се покажа како одлично за низа здравствени проблеми.  

Фото: Pixabay