Како да ги ублажите цревните проблеми на природен начин?

Храната што е исклучително здрава за цревата, според Ајурведата, е ферментираната храна, како кисела зелка и зачините, како што се куркума, ѓумбир, цимет и пискавица (тилчец), кои помагаат да се апсорбираат хранливи материи и да се зајакне целиот дигестивен тракт.

0
209

Ако страдате од надуеност, имате лошо варење и запек, а често страдате и од дијареа, големи се шансите дека вашите црева се во лоша состојба.

Лошата состојба на цревата, исто така, може да влијае и на имунитетот, имајќи предвид дека повеќето клетки на имунолошкиот систем, верувале или не, се наоѓаат во цревата.

Поради високото ниво на стрес и честото консумирање нездрава храна, се поголем број луѓе страдаат од синдром на пропустливост на цревата, синдром на иритабилно дебело црево и Кронова болест.

Научниците тврдат дека во дури 35 различни автоимуни заболувања, присутен е и синдром на пропустливост на цревата.

Ајурведскиот лекар од Харвад, д-р Акил Паланисами, истакнува дека Ајурведата веќе илјадници години и пред да биде откриен микробиомот, тврди дека повеќето болести започнуваат токму во цревата.

Затоа, наш приоритет е да го зачуваме здравјето на цревата и да ги зајакнеме.

Наместо конвенционални лекови, изберете природни решенија, кои се трајни и немаат штетни несакани ефекти.

Ајурведската медицина и другите алтернативни методи можат многу да ви помогнат.

Ајурведски поглед на здравјето на цревата

Ајурведата ја нагласува важноста од чистење на телото од аме – акумулирани токсини.

Аме е резултат на лошата состојба на микробиомот и оштетената слузница на цревата што ги пропушта бактериите, несварената храна и токсините во крвотокот.

Тоа е она што доведува до тешки воспалителни процеси во телото и до автоимуни заболувања.

Знаци на високо ниво на аме во телото:

чувство на тежина во телото
постојан немир
ниско ниво на енергија
летаргија
лошо варење
запек

Ајурведата илјадници години го тврди она што можеме со сигурност да го потврдиме од сопственото искуство денес – храната е лек!

Ова, се разбира, се однесува на необработена и свежа храна, во комбинација со здрави зачини, а не на преработена и храна спакувана во пластика што ја гледаме на полиците на супермаркетите.

Ако имате какви било проблеми со варењето, многу е добро да го поштедите телото барем неколку недели, на пример, од пченица, која содржи глутен, како и од индустриски млечни производи и шеќер.

Ова во голема мера може да помогне да се врати рамнотежата во цревата и целиот дигестивен систем.

Доколку добиете силна желба за слатки, Ајурведата препорачува консумирање мед или џвакање на зачинот кардамом, што ќе го активира производството на хормонот за среќа – допамин, во мозокот.

Храната што е исклучително здрава за цревата, според Ајурведата, е ферментираната храна, како кисела зелка и зачините, како што се куркума, ѓумбир, цимет и пискавица (тилчец), кои помагаат да се апсорбираат хранливи материи и да се зајакне целиот дигестивен тракт.

Во ајурведската медицина, неизбежна лековита состојка е и прочистениот путер Ги.

Тој содржи бутирична киселина, која здравиот дигестивен систем ја создава и произведува сам и која ја штити цревната слузница од оштетување.

Ги исто така овозможува здраво варење и апсорпција на хранливи материи, што носи виталност и добро здравје.

Ајурведски совети за подобра функција и здравје на цревата

1. Топла вода (со додадени зачини)

Ајурведскиот текст на Чарака Самхита ја нагласува важноста да се пие топла вода неколку пати на ден со цел да се поттикне чистењето на акумулираните токсини во телото.

Пијте вода често во мали голтки, но не консумирајте ја со оброк, бидејќи ја разредува дигестивната киселина и затоа за време на оброкот може да го попречи процесот на варење.

Според Ајурведата, кога топла вода доаѓа во контакт со вашиот јазик, таа го поттикнува метаболизмот и дигестивниот систем, па затоа е многу добро што почесто да ја пиете во текот на денот.

Исто така, пиењето топла вода во голема мера го ублажува чувството на надуеност, кое често е присутно кај цревните заболувања.

Приготвување:

Водата нека врие 5-10 минути, а потоа чувајте ја во затворен термос. Консумирајте ја во помали количини на секои половина час до 18 или 19 часот.

За дополнителна стимулација на дигестивниот систем, можете исто така во топата вода да додадете 1 лажичка анасон, ¼ лажичка кумин и ¼ лажичка семки од коријандер и да ги оставите да стојат преку ден во термос.

Можете да исцедите свеж лимон во топла вода и да додадете 1 лажица мед и да го пиете ова секое утро на празен стомак.

Наместо топла вода, за поздрави црева можете да пиете домашна матеница или свеж овошен сок, од јаболка и калинки.

2. Домашен јогурт и други пробиотици

Според Ајурведа, за здравјето на дигестивниот систем и урамнотежениот цревен микробиом, препорачливо е да пиете домашен јогурт со пробиотици и ласи – комбинација од домашен, свеж јогурт и зачини како ѓумбир, кумин и црн пипер.

Дефинитивно треба да се избегнуваат индустриски млечни производи бидејќи ги уништуваат сите ензими, што во голема мера ја отежнува апсорпцијата на лактоза, но домашниот јогурт, кој е богат со пробиотици и ензими, е многу корисен бидејќи ја балансира вашата цревна микрофлора.

Освен во домашен јогурт и во кефир, пробиотици се наоѓаат и во други намирници како кисела зелка, мисо и темпе.

Исто така, постојат додатоци во исхраната со пробиотици кои дополнително ќе го збогатат вашиот дигестивен систем со овие живи микроорганизми клучни за здравјето на цревата.

3. Свеж босилек, каранфилче и коријандер

Ако страдате од киселини, џвакајте лист или два босилек, малку каранфилче или семе од коријандер.

Џвакањето на овие супер здрави зачини ќе го стимулира производството на плунка во устата и ќе ја балансира стомачната киселина.

4. Чај од ѓумбир и анасон

Ѓумбирот одамна е познат како еден од најздравите зачини.

Доколку имате било какви проблеми со цревата, редовно подготвувајте свеж чај од ѓумбир, кој е богат со антиоксиданти и го стимулира варењето, а помага и при дијареа.

Покрај дигестивниот систем, ѓумбирот совршено ќе го заштити целото тело и ќе го зајакне вашиот имунитет (запомнете дека поголемиот дел од имунолошкиот систем се наоѓа точно – во вашите црева).

Рецепт за ублажување на дијареа

Ставете парчиња свеж ѓумбир во чаша ипол вода. Накратко се вари со додавање на неколку семки од анасон.

Тргнете од оган и додадете малку куркума во прав. Оставете да отстои некое време, процедете и испијте.

За варење и запек, Ајурведата препорачува чорби од зеленчук и варени јадења со додавање на ѓумбир, црн пипер и цимет и советува избегнување на млечни производи и суров зеленчук.

При киселини и воспалителни состојби, лукот и кромидот треба да се избегнуваат бидејќи дополнително може да ја влошат состојбата.

Антивоспалителни билки кои им помагаат на цревата:

ѓумбир и куркума
анасон, кумин
Индиска амла

Растенијата што имаат корисен ефект врз здравјето на sидовите на вашите црева се исто така алое вера, корен од сладунец и корен од бел слез, па затоа користете ги што е можно почесто.

Фото: Unsplash