Како да го искористите јогуртот со поминат рок?

Никако не го истурајте, дури и ако е малку повеќе закиселен јогуртот на кој му истекува или тукушто му истекол рокот на употреба, можете да го употребите во најразлични сосови и преливи за салати

0
262

Кремав и вкусен, јогуртот е една од најсестраните и по цената, најдостапни намирници што можете да ги користите во вашата кујна.

Лесно може да се вклучи во избалансиран појадок, ручек или вечера, но исто така и како посебна храна за вкусна закуска или десерт.

Ако сте љубител на јогурт и го нарекувате оброк, на располагање ви се голем број на деликатеси во овие едноставни рецепти кои содржат обичен течен или грчки јогурт. Иако не е генерално правило, се препорачува во продавниците да внимавате на составот на јогуртот за да ја проверите содржината на шеќер и бројот на калории содржани во една чаша.

Тестенини со сос од босилек и јогурт

Ако сакате кремаста текстура во јадењата со тестенини, овој лесен сос од јогурт и босилек е идеален за вас. Рецептот е едноставен, сварете ги тестенините, а во сосот ставете сечкани домати, сечкани пињоли, јогурт, босилек и лук и малку сол и црн пипер.

Американски макарони со сирење и јогурт

Лесен начин да ги намалите калориите и маснотиите во вашиот омилен рецепт за макарони и сирење е да користите јогурт наместо полномасно млеко. Овој трик дава доза на протеини и кремаста текстура без потреба од дополнително ставање на путер или некој тежок крем. За сосот користете рендано сирење, јогурт, лук, кромид и малку сол и црн пипер.

Сечкана салата од зеленчук со јогурт

Салатата со јогурт е совршена комбинација на масти, белковини и протеини, а исто така е и брз оброк што можете да го направите многу брзо за време на напорната работна недела. Постојат многу рецепти, и не постои општо правило. Може да ставите зеленчук што ви се допаѓа, како крцкава краставица и зелена салата, сочни домати и авокадо и неколку оревчиња или семки од тиква. Не треба да направите посебен прелив, едноставно зачинете ја салатата со јогурт, лимон и медитерански зачини.

Фото: Pixabey