Како да заштедите, а да се храните добро?

Еве неколку совети кои би требало да ги применувате при купувањето намирници и заштедата ви е загарантирана.

0
336

Здравата исхрана може да биде прилично оптоварување за буџетот, ако сакаме да купуваме квалитетни намирници од проверени производители. Сепак, постојат неколку мали трикови кои ќе ви помогнат да откриете како да заштедите пари на намирници, а сепак да се храните добро.

Еве неколку совети кои би требало да ги применувате при купувањето намирници и заштедата ви е загарантирана.

Избегнувајте однапред спакувана зелена салата

Можеби салата и спанаќот кои се исчистени и спакувани во пластични кеси ви делуваат како одличен начин да заштедите време, верувајте, не е така. Салатата која ја купувате како главица е поефтина и сигурно ќе ви трае подолго од онаа спакуваната и затоа нека не ви биде тешко чистењето и миењето листови.

Одгледајте своја градина

Уште еден начин да заштедите пари на купување зеленило е да ги одгледате во сопствениот дом. За одгледување на зелена салата не ви е потребно многу место и посебни услови. Една поголема саксија ќе ви биде сосема доволна.

Купувајте зачини, суво овошје и јаткасти плодови на мерење

Ако во маркетите постојат зачини кои се продаваат како китка или на мерење, купете од нив наместо оние спакуваните. Нема да верувате колку може да се заштеди на ова. Истото важи и за сувото овошје и јаткастите плодови. Споредете ги цените следниот пат кога ќе одите да купувате и видете ја разликата.

Направете резерви

Следете кога се производите на акција доколку имаат подолг рок на траење, како што се маслиновото масло,  или обичното масло, тестенини и конзервирана храна, па направете резерви кои подолго ќе можат да стојат.

Искористете ги компирите

Компирите се прилично ефтини, но корисни намирници кои треба да бидат составен дел од вашето мени. Можете да ги правите на безброј начини и да направите одличен ручек и без месо.

Купувајте цело пиле

Пилешките гради се најбаран, но и  најскап дел од пилето и затоа купувајте ги само кога се на акција, а во меѓувреме повеќе ви се исплати да купувате цело пиле или само батаци и карабатаци.

Резерви на грав

Гравот е храна која обично се приготвува кога паричникот ќе се истенчи, не бара многу намирници, а може да се подгрева и неколку дена. Од тие причини наполнете ги шкафчињата со грав и барајте многу нови начини како да го подготвите.

Мелено месо

Кога станува збор за домашниот буџет, меленото месо е вашиот најдобар пријател. Обично е доста поефтино од месото кое се купува во парче, а мали количини можат да го нахранат целото семејство. Од само 300 г мелено јунешко можете да направите болоњезе сос за четиричлено семејство. А тука се и тортичјите, чили со месо и грав, месен ролат….

Јадете риба

Лекарите препорачуваат да се јаде риба најмалку два пати во неделата а тоа освен што е добро за здравјето, може да биде добро и за буџетот. Купувајте замрзната риба која е во повеќето случаи поповолна.

Откријте нови начини за употреба на рибата од конзерва

Туната во конзерва е една од најблагодарните намирници бидејќи може да се приготви на најразлични начини, а се вбројува помеѓу поефтините намирници. Можете да ја ставите во ладни и топли салати, во сосови за тестенини, како и во мусака. Само пуштете ја фантазијата да работи.

Замрзнат зеленчук

Не го заобиколувајте туку направете резерви кои сигурно добро ќе ви дојдат при крајот на месецот, додека со душа ја чекате следната плата, а истото направете го и со омилениот вид на месо на акции.

Фото: Pixabey