Како да знаете дали сте купиле кашкавал од млеко или од палмино масло?

Со неколку едноставни трикови, можете да препознаете дали сте купиле лажен кашкавал

0
1235

Кога велиме вистински кашкавал, не мислиме на тоа дали е направен според оригиналната рецептура, туку дали навистина е, како што треба, направен од млеко.
Кашкавалот е посебен вид сирење и се прави од овчо или кравјо млеко. Исто така, не е невообичаено да се мешаат кравјо и овчо млеко, што влијае на вкусот на кашкавалот. Се прави и од козјо млеко, чисто или мешано со кравјо млеко. Сепак, прехранбената индустрија често знае да нè „измами“.

За да добиеме килограм кашкавал, потребни ни се околу пет литри млеко. Како и секоја друга храна, сирењето и неговото производство подлежат на разни проверки и мораат да поминат разни тестови сè додека не се најдат пред потрошувачите.

Како да препознаете фалсификуван кашкавал?

– Допрете го кашкавалот и разгледајте го – палминото масло му дава на кашкавалот светло жолта боја, додека бојата на вистинскиот кашкавал не е толку интензивна. Исто така, кашкавалот на кој му е додадено палмино масло е помеко на допир отколку вистинското.
– Тестирањето на кашкавалот можете да го направите и со ладен нож. Кашкавалот се остава на собна температура, а ножот во фрижидер. Ако при сечењето на ножот се задржи маснотија, кашкавалот е веројатно фалсификат, затоа што, за разлика од млекото, растителните масти се топат на собна температура.
– Најсигурна проверка е загревањето на кашкавалот во рерна. Вистинскиот кашкавал ќе се растопи по површината и ќе стане растеглив, додека фалсификатот буквално ќе исчезне – ќе се стопи.

Фото: Unsplash